Буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари. Вкупните приходи, според денеска објавената табела на Министерството за финансии, изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари.
Ветувањата дадени во Солун во случајот со Македонија во повеќе наврати беа прекршени од Атина. Сметам дека е исклучително важно оваа Солунска агенда да го задржи својот кредибилитет, да не биде само на зборови, туку и преточена во дела.
Владата донесе одлука проектот „Користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и корисници на посебен додаток“ да продолжи да се имплементира и во 2013/2014 година. И овој пат ќе бидат опфатени 3.000 деца од семејства во социјален ризик...
Министерот за здравство Никола Тодоров синоќа во Охрид се сретна со министерката за здравство на Србија, проф д-р Славица Ѓукиќ-Дејановиќ. Средбата се одржа на маргините на Петтиот конгрес на психијатрите на Република Македонија со меѓународно учество.