Чекориме кон НАТО и ЕУ

 

ЧЕКОРИМЕ КОН НАТО И ЕУ, РЕШАВАМЕ СПОРОВИ, ГО ЈАКНЕМЕ ИДЕНТИТЕТОТ

  1. Владата на Република Македонија продолжува да разговора со Владата на Република Грција за дефинитивно решение на 25-годишниот спор;
  2. Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народи никогаш не било поголемо;
  3. Mакедонскиот јазик е потврден. Идентитетот наш македонски е зајакнат;
  4. Конечниот глас за потврда на предлог решението граѓаните ќе го потврдат на референдум;
  5. Македонија после решавање на спорот околу името веднаш ќе стане членка на НАТО и со тоа уште позабрзано и поодлучно ќе ги отвори портите на ЕУ и ќе се обезбеди просперитет, стабилен и добар живот за нашиот народ;
  6. Обезбедивме за 15% поголем буџет за одбраната за модерна и мотивирана Армија;
  7. Со новата Стратегија за проширување, Европската комисија ја потврди европската иднина на Република Македонија како дел од политичката структура на Европската Унија и препорача Европскиот Совет да определи датум за старт на преговорите за членство во ЕУ;
  8. По потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија, трговијата меѓу двете земји порасна за 11.5%;
  9. Реализиравме огромен број работни посети во странство од страна на претставници на Владата на Република Македонија;
  10. Средба на министерката Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Матис. Ова е прва средба на македонски министер за одбрана со американски колега по 6 години;
  11. Стратегискиот одбранбен преглед е во финална фаза, во согласност со НАТО стандардите. Ова е прв стратешки документ во одбраната по 2004 година;
  12. Во месец мај реализирани се билатерални консултации со НАТО и прифатен е нов пакет на Партнерски цели - ПЦ 2018 за РМ;
  13. Презедовме мерки за системско и систематско справување со затекнатите состојби во МНР, преку воспоставување систем, со кој на принципиелен начин ќе се надминат неправдите, недоследностите и пропустите во сите области на функционирање;
  14. Изработена е функционална анализа во МНР и се работи на реформи со помош на странски експерти, како пилот проект што се изведува во рамки на проектот за реформа на јавна администрација на МИОА;
  15. Организиравме и спроведовме обуки за стекнување со повисоко дипломатско звање (за секретарските звања);
  16. Спроведовме редовна постапка за избор на дипломати за пополнување на 24 места во ДКП (16 за високи и 8 за секретарски дипломатски звања);
  17. Формиравме неколку комисии за утврдување на фактичката состојба и евентуални злоупотреби во повеќе области на работењето на МНР и ДКП-ата;
  18. Обезбедивме грант од Кралството Норвешка за проект за изработка на систем за процесирање на класифицирани информации во Министерството за надворешни работи.
  19. Министерството за надворешни работи проектираше и обезбеди буџет за 2018 година за санација на објектите на Амбасадите во Берлин и Рим, во тек е изготвување на проектна документација за градба на објект во Атина;
  20. Со поддршка на ЕУ фондовите потпишан е Договор од страна на ДЕУ за 2 нови ИПА проекти од областа на „Заштита на потрошувачи„ и „Надзор над пазарот“;
  21. Потпишан Договор од страна на ДЕУ за проектот “Техничка поддршка за развој на политиката на заштита на потрошувачите”, каде што краен корисник е Министерство за економија (Сектор за внатрешен пазар) со поддршка на ИПА фондот;
  22. Потпишан Договор со Директоратот за проширување на ЕУ за проектот „Хармонизација на правната рамка и градење на капацитетите за надзор на пазарот во врска со Поглавјето 1“;
  23. Во областа туризам, се реализира ИПА проект со Централизиран пристап и се води од страна на Светска Банка каде што Министерството за економија преку Секторот за европска интеграција и Секторот за туризам се иницијатори за овој проект;
  24. ЕУ ИПА фондовите овозможија потпишување на 4 договори со 4 општини (проекти за развој на туризмот) и тоа со Општина Вевчани, Општина Чаир, Општина Босилово и Општина Крушево од првиот повик;
  25. На 16.03.2018 година објавен е вториот повик за апликации на останатите заинтересирани општини, невладинот сектор и приватниот сектор во вредност од 14 милиони евра во форма на грант од ИПА фондовите;
  26. Започнаа подготовките за премин во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), преку информирање на Владата и ресорните министерства околу новите моменти, можностите и обврските кои ќе произлезат со преминот во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација;
  27. Изготвен е посебен ИПА мастер план, чија цел е засилен мониторинг и координација на активностите во насока на унапредување на искористеноста на средствата од ИПА;
  28. СЕП направи анализа и даде препораки претседавањето на секторските работни групи да биде од страна на министрите од надлежните министерства.  Во периодот февруари-мај 2018 година, министрите ја преземаа оваа функција и организирани се по два состанока во секторите земјоделство и рурален развој, образование, вработување и социјална политика и во конкуретност и иновации заради тековното програмирање на околу 50 милиони евра за 2019 година; 
  29. Во изминатиот период беа одржани состаноци на Заедничкиот мониторинг комитет и три состанока на Секторските мониторинг комитети за правда и внатрешни работи и конкуретност, иновации, земјоделство, безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика како и за ИПАРД. Важноста на овие форуми произлегува од следењето на ефикасноста и ефективноста во користење на ЕУ помошта;
  30. Преку Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан во изминатата година добиена е грантова помош од вкупен износ 71,3 милиони евра за Изградба на втора фаза за изградба на железничката пруга кон Бугарија и за подготовка на техничка документација за Автопатското поврзување на делницата Скопје-Блаце; 
  31. По 6 годишно отсуство, Шведска се врати како билатерален донатор во Република Македонија со годишна распределба на развојни средства од околу 3 милиони евра за Македонија;
  32. Норвешка најави зголемување на развојните средства за Република Македонија од 2018 година, а во претстојниот период се очекува потпишување на Меморандум за билатерална проектна соработка помеѓу двете држави;
  33. Француската агенција за развојна соработка ќе побара мандат од Владата на Франција за воспоставување на развојна соработка со Република Македонија;
  34. Континуирано се унапредува развојната соработка со сите активни донатори во Република Македонија;
  35. Извештајот на Комисијата покажа голем напредок на Република Македонија во голем број области, особено кога оценките ќе се стават во сооднос со оценките кои ги добија останатите земји од Западниот Балкан;
  36. Македонија е на прво место според остварениот напредок меѓу земјите од регионот. Ова претставува најголемата валоризација на успешноста во имплементацијата на Планот 3-6-9;
  37. Извештајот на ЕК констатираше дека Македонија ги предводи земјите од Западниот Балкан и од аспект на подготвеноста или усогласеноста на земјата со Европската Унија и според економските критериуми;
  38. Република Македонија во мај 2018 година стана рамноправна членка на Јадранско-Јонската група земји за соработка;
  39. СЕП ја презема улогата на координација на процесот на имплементацијата на шесте иницијативи кои произлегоа од анексот на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година;
  40. Се оформи неформалната група пријатели на Македонија именувана „Охрид“ во состав: Лордот Џорџ Робертсон, поранешен Генерален секретар на НАТО, Росен Плевнелиев поранешен претседател на Бугарија, Хавиер Солана поранешен Генерален секретар на НАТО и претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Карл Билдт - поранешен премиер на Шведска, Лордот Кристофер Гаидт, амбасадорите Роберт Гелбард од САД, Ален Ле Роа од Франција и Волфган Ишингер од Германија, Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет и Зоран Чичак, која дава поддршка за процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ успешно да се заврши.
MK