Македонија - едно општество и едно семејство за сите, сите се граѓани од прв ред

 

 

 

МАКЕДОНИЈА - ЕДНО ОПШТЕСТВО И ЕДНО СЕМЕЈСТВО ЗА СИТЕ, СИТЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ПРВ РЕД

  1. Со политиката „Едно општество“ ги намаливме поделбите и ја зголемивме довербата меѓу заедниците;

  2. Реализиравме тематска владина седница посветена на младински политики на која на предлог на младинските организации беа оформени работни групи и тоа: 
    Работна група за препознавање на младинската работа, работна група која ќе го дефинира ко-менаџмент телото за координација помеѓу младинските организации и институциите и за структурен дијалог, работна група за сеопфатно сексуално образование, работна група за средношколско демократско организирање , работна група за студентско демократско организирање, работна група за мапирање зелени работни места и нивно поврзување со невработеноста на младите во земјава и работна група за изработка на програма за сеопфатна грижа и лекување на малолетни корисници на психоактивни супстанци.

  3. Ја подобривме климата за соработка и вклучување на граѓанското општество како партнер во демократизацијата на општеството;

  4. Донесовме Закон за употреба на јазиците, со кои ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, согласно Уставот и Амандманот V и ги зголемивме можностите на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик и со тоа полесно и поефикасно да ги остварат своите уставни права;

  5. Законот за употреба на јазиците целосно ја гарантира и соодветната употреба на македонскиот јазик, но и на другите јазици кои се во службена употреба во одредени единици на локална самоуправа (албански, турски, ромски, српски, влашки и бошњачки);

  6. Презедовме серија мерки за заштита на културното наследство на Република Македонија и за заштита и унапредување на македонскиот јазик;

  7. Издадовме електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик, бесплатна верзија, за прв пат достапна до сите;

  8. Фондот за македонски јазик ќе ги поддржи отворањето на нови и одржувањето на лекторите по македонски јазик на странските универзитети во ЕУ, особено земјите-основачи на ЕУ, како и во САД, Канада, Австралија и Руската Федерација;

  9. Овозможивме Семинарот за македонски јазик, литература и култура да прерасне во Македонистички центар „Македоникум“ преку кој ќе се стипендираат поголем број странци што би дошле да ги изучуваат македонскиот јазик, нашата литература и култура;

  10. Мерките за унапредување на состојбата со македонскиот јазик предвидуваат и основање на Фонд за поддршка на издавачката дејност на нови и повторно издавање на научните дела посветени на македонскиот јазик од сите области;

  11. Од мерките треба да произлезе и основање фонд за стипендирање на студирањето на македонски јазик на универзитетите во Република Македонија и ревизија на наставните планови и програми по македонски јазик на сите рамништа на образованието;

  12. Отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО;

  13. Ја заштитивме галеријата на икони во Музејот на Македонија;

  14. Презедовме и акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини;

  15. По повод одбележувањето на 109-годишнината на Албанската азбука во Битола се реализираа различни активности (свечено отворање на уметничка колонија, отворање на Научна Трибина и Гала Концерт);

  16. Владата на РМ ја одобри информацијата за формирањето на Албанскиот државен ансамбл;

  17. Планот за распределба на 958 од вкупно 1600 административни службеници вработени во ССРД беше усвоен во Влада;

  18. Престана потребата од конзилијарно мислење и наод од најмалку 3 лекари за остварување на правото за паричен надоместок за помош и нега од друго лице;

  19. Правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додатокот за мобилност, слепило и глувост се остваруваат без оглед на висината на приходите на лицето кое има потреба од истото;

  20. Надоместокот за скратено работно време на родители на деца и лица со попреченост се остварува без оглед на возраста на лицето;

  21. Правото на посебен додаток до 26 години по автоматизам преминува во право на помош и нега од друго лице;

  22. Со законски измени се обезбеди скратеното работно време за родителите на деца со попреченост да продолжи и после 26 години;

  23. За првпат е усвоена Програма за персонална асистенција на лица со попреченост, целосно финансирана од Буџетот;

  24. Донесовме Програма за ослободување од здравствена партиципација за деца од семејства-корисници на социјална помош;

  25. Поддржавме основање на Дневен центар за лица со Даунов синдром; 

  26. Формиран специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје;

  27. Го решивме проблемот на околу 3000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени;

  28. Пристапивме кон изработка на Националната стратегија за соработка со дијаспората;

  29. Oтворање канцеларии за соработка со дијаспората во општините во Република Македонија. Првата канцеларија се отвора во Општина Штип.

MK