Економски раст и повисоки плати

 

 

ЕКОНОМСКИ РАСТ, ПОВИСОКИ ПЛАТИ И ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ ЗА СИТЕ!

  1. Ја покачивме минималната плата на 12 илјади денари, со што 90 илјади наши сограѓани добија повисоки плати;
  2. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, а просечната исплатена бруто-плата, пак, е повисока за 5,3 отсто во споредба со март 2017 година;
  3. Постигнавме зголемување на просечната плата во производство на облека за 16%, а во текстилната индустрија за 24% и инициравме дополнителен раст на платите;
  4. Со мерките од Планот за економски раст ги стимулираме и помагаме компаниите да исплаќаат повисоки плати и да вработуваат високо-квалификуван кадар;
  5. Во Буџетот за 2018 година обезбедивме средства за повисоки плати во Армијата (за 10%), здравството, образованието и детската грижа (за 5%, почнувајќи од септември 2018 година);
  6. Се движиме сигурно кон остварување на ветувањето за просечна плата во износ од 30 илјади денари;
  7. Со укинувањето на радиодифузната такса обезбедивме дополнителна заштеда за граѓаните во висина од 12,4 милиони евра;
  8. Ја вративме евтината тарифа на струјата за сите. Сметките за струја се пониски;
  9. Постигнавме позитивен економски раст во втората половина од 2017, наспроти наследениот негативен раст во првите шест месеци во 2017 година;
  10. Обезбедивме поддршка на домашни гринфилд инвестиции со средства во висина од 900 милиони денари;
  11. За мерките за поддршка на малите и средни претпријатија обезбедивме 645 милиони денари или 10,5 милиони евра;
  12. Ги зголемивме средствата наменети за иновации и технолошки развој од 20,5 на 34,2 милиони денари, односно за 66%;
  13. Воспоставивме еднакви услови за инвестирање за домашните и странските инвеститори, кои ќе важат еднакво и во ТИР зоните и надвор од нив;
  14. Во буџетот за 2018 година определивме околу 50 милиони евра за програмата за економски развој на земјата или 46% повеќе средства од лани;
  15. Обезбедивме стимулација, можности, транспарентни услови и критериуми за поддршка на инвеститорите;
  16. Обезбедуваме поддршка за зголемување на соработката меѓу домашните и странските компании;
  17. Даваме поддршка за воспоставување центри за истражување и развој;
  18. Креиравме мерки со кои државата финансиски им помага на компаниите да отвораат нови, подобро платени работни места;
  19. За активните мерки за вработување определивме уште една милијарда денари;
  20. За прв пат го намаливме јавниот долг (како % од БДП) од 48,5% од БДП во 2016 година на 46,7% од БДП во 2017;
  21. Успешно издадовме еврообврзница со историски убедливо најниска каматна стапка од 2,75%, со двојно пониската каматна стапка во однос на претходните пет обврзници;
  22. Кредитната рејтинг агенција Фич го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен (истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ);
  23. Го отвораме трезорот за јавноста - граѓаните да гледаат како се троши секој денар од своите компјутери;
  24. Ги скративме дискретните трошења на носителите на власта;
  25. Обезбедуваме поврат на ДДВ редовно и неселективно;
  26. Во последниот квартал на 2017 година вработеноста се зголеми за 1,9% (на годишно ниво), а невработеноста се намали на 21,9% (од 22,1% во третиот квартал на 2017);
  27. Во 2017 година бројот на вработените е зголемен за 17 илјади лица во однос на 2016 година;
  28. На крајот на 2017 остваривме најголема стапка на реализација на капиталните инвестиции (83,6 проценти од проектираното);
  29. За капиталните инвестиции издвоивме 1,43 милијарди денари повеќе од износот утврден со ребалансот во 2017 година, а сериозен дел од овие средства е за унапредување на инфраструктурата;
  30. Донесовме нов Закон за јавни набавки за подобрување на квалитетот на набавките, за зајакнување на транспарентноста и контролата на постапките и за олеснување на постапките;
  31. Направивме 12 клучни промени за подобрување на буџетската транспарентност во Министерството за финансии;
  32. Објавивме Граѓански буџет за Буџетот за 2018 година, со цел граѓаните да добијат разбирлива слика за трошењето на јавните финансии;
  33. Значително го намаливме, за околу 90% буџетот за промотивни активности и роуд шоуа;
  34. Обезбедивме 16 странски инвестиции од вкупно 200 милиони евра за една година, кај кои се предвидени 2750 вработувања;
  35. Реализиравме средби со повеќе од 200 компании на кои ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија;
  36. Ги решивме проблемите со изградбата и го пуштивме во употреба автопатот Демир Капија - Смоквица;
  37. Ги решивме проблемите со изградбата на автопат Миладиновце-Штип, кој се очекува да биде доизграден до септември 2018 година; 
  38. Ги решаваме сите наследени проблеми околу изградбата на автопатот Кичево-Охрид, за кој е даден дополнителен рок до јуни 2021 година;
  39. Отпочна втората фаза на реализацијата експресниот пат Градско-Прилеп;
  40. Ја започнавме изградбата на експресниот пат Штип-Кочани;
  41. Обезбедивме 86 милиони евра за изградба на 26 патни правци преку заем од ЕБРД;
  42. Обезбедивме 14 милиони евра за реконструкција на 12 патни правци преку заем од Светска банка;
  43. Обезбедивме средства од ЈПДП за реконструкција на 13 патни правци;
  44. Обезбедивме 42 милиони евра од ИПА за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, делница Градско-Дреново;
  45. Обезбедивме грант од ВБИФ од 1,2 милиони евра за изработка на проект за изградба на автопат Скопје-Блаце;
  46. Склучивме договори за изградба на експресен пат Штип-Радовиш и експресен пат Крива Паланка-Ранковце;
  47. Ја модернизиравме наплатната станица Романовце и ја забрзавме модернизацијата на патарините на Коридор 10;
  48. Ја интензивиравме изградбата на пругата кон Бугарија, делница Куманово-Бељаковце;
  49. Обезбедивме 70 милиони евра грант од ЕУ за изградба на пругата кон Бугарија делница, Бељаковце-Крива Паланка;
  50. Обезбедивме 60 милиони евра од ЕУ за изградба на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка-Деве Баир;
  51. Ја комплетиравме проектната документација за изградба на пругата кон Албанија, делница Кичево-Лин, граница со Албанија;
  52. Потпишавме договор со изведувач за изградба на пруга кон Грција, Битола-Кременица;
  53. Пуштивме во употреба 10 реконструирани железнички станици на Коридор 10;
  54. Го зголемивме коефицинетот на плати за машинскиот персонал во МЖ Транспорт - што доведе до зголемување на платите;
  55. Започнавме 8 проекти за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со заем од Европска инвестициона банка во вредност од 2,5 милиони евра;
  56. Обезбедивме грант од 5 милиони евра од  КФВ банката за изградба на водоводни системи во Гевгелија и Кавадарци;
  57. Обезбедивме 4 милиони евра грант од СЕКО (Швајцарска агенција за економска соработка) за доизградба на водовод во Гостивар;
  58. Обезбедивме буџетски средства за комунална инфраструктура;
  59. Почнуваме 20 проекти за изградба и реконструкција на канализациона и водоводна мрежа во вредност од  8,5 милиони евра, од заемот од ЕИБ;
  60. Доизградба на водоводна мрежа во Гостивар со грант од СЕКО во вредност од 4 милиони евра;
  61. Доизградба на водоводна мрежа во Кавадарци, Радовиш и Гевгелија  во вредност од 8 милиони евра (5 милиони грант и 3 милиони заем;
  62. Завршување на изградба на фекалната канализација за населеното место Сопиште и локалитет „Сончев град“;
  63. Доизградба на водоводен систем - Патишка река, општина Сопиште во вредност од 2,3 милиони евра;
  64. Довршуваме две станбени згради за лица од социјален ризик, една во Кочани со 39 станови и една во Македонски Брод со 10 станови;
  65. Продолжуваме со проектот за изградба на станбени згради за лица од социјален ризик и во Пехчево, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Скопје, ги довршуваме зградите во Гостивар и Струмица;
  66. Обезбедивме финансиска поддршка за нискобуџетни авиокомпании за воведување нови дестинации (Од Скопје кон Малта, Рим, Варшава и Векше - Шведска);
  67. Воведена е авиолинијата Скопје-Доха и линијата Охрид-Истанбул;
  68. Распишуваме повик за финансиска поддршка за нискобуџетни авиокомпании за воведување нови дестинации за македонските граѓани;
  69. Донесовме измени во Законот за постапување со бесправно изградените објекти и ги продолживме роковите за легализација на дивоизградени објекти;
  70. Ги намаливме цените на услугите во Агенцијата за катастар за недвижности до 50%;
  71. Ја изменивме Уредбата за висината на цената на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија со што се намали висината на цената по која се отуѓува градежното земјиште со непосредна спогодба, наменето за изградба на ученички домови, студентски домови, домови за престој на стари лица и самци, домови за деца без родители, за незгрижени лица;
  72. Обезбедивме 40 милиони евра за изградба на магистралните гасоводи Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар и за решавање на проблемите со експропријацијата на земјиштето;
  73. Во тек се подготовки за изградба на магистралните гасоводи, Штип-Неготино, Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар;
  74. Во 2018 година отпочнуваме со изградба на следните делници од секундарниот гасоводен систем: Гостивар-Кичево, Штип-Хамзали-Струмица-Гевгелија, Свети Николе-Велес, Штип (Вршаково)-Кочани-Виница;
  75. Во 2018 година отпочнуваме со постапка за поврзување на Интерконекциска врска помеѓу Македонија и Грција, Интерконекциска врска помеѓу Македонија и Бугарија и поврзување на ТЕЦ Неготино со магистралниот гасовод;
  76. Обезбедивме 8,6 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој - за производи со повисока додадена вредност, за модернизирање на агро-секторот и за развој на руралните средини;
  77. Постигнавме највисока просечна откупна цена на тутунот од 217 денари по килограм, при што обезбедивме највисоки субвенции до сега од 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета и за дополнителните класи, на задоволство на 30.000 семејства и 100.000 граѓани кои живеат од тутунот;
  78. Обезбедивме 424 грантови за младите земјоделци од по 10.000 евра за да започнат сопствен агро-бизнис;
  79. Го враќаме во целост персоналниот данок на сите земјоделци, на кои земјоделството им е основна дејност и имаат приход до 1 милион денари во тековната година, со што околу 7 милиони евра повеќе пари ќе останат кај 65 илјади земјоделци;
  80. Ја одблокиравме исплатата на субвенциите и ги исплативме неисплатените субвенции за 2014, 2015 и 2016 година - за 2016 година за субвенции исплативме 110 милиони евра, на 94 илјади земјоделци;
  81. За субвенции за мерките од Програмата за 2017 година до сега исплативме 82 милиони евра, запазувајќи го законскиот рок за исплата до крај на јуни 2018;
  82. Го одблокиравме процесот за проценка и исплата на штети од временски непогоди за 2016 и 2017;
  83. Во 2017 година овозможивме дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски заради ниската откупна цена и дополнителна субвенција од два денари за килограм лубеници;
  84. Со ребалансот за 2017 година обезбедивме дополнителни 2 милиони евра повеќе за секторот земјоделство;
  85. Со измени на Програмата за директна поддршка во земјоделството и Програмата за рурален развој 2017 година обезбедивме нови 10 милиони евра за поддршка за земјоделците;
  86. Со измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 ги зголемивме субвенциите за производителите на ориз на 24 илјади денари по хектар со сертифициран материјал и 18 илјади денари по хектар без употреба на сертифициран материјал;
  87. Воведовме евтина зелена нафта, со која во земјоделството остануваат 5 милиони евра;
  88. Потпишавме договор за грант од 4 милиони евра со германската КфВ банка за отпочнување подготовки за проектот Јужно вардарска долина, втора фаза;
  89. Избравме 12 локации за спроведување на проектот со ФАО за консолидација на земјоделско земјиште, реализацијата на проектот е започната;
  90. Започнавме проект за развој на Земјоделски задруги (ЕУ), во вредност од 1,8 милиони евра;
  91. По втор пат после 8 години спроведовме авионско снимање на целата територија на Република Македонија, со што ќе се овозможи прецизна контрола во однос на површините кои земјоделците ги пријавуваат за субвенции;
  92. Ја зголемивме финансиската поддршка за промоција на домашните фирми на странски саеми (со вкупна поддршка од 500 илјади евра);
  93. Со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година, овозможуваме 20 отсто повисоки субвенции за растително производство и 10 отсто за сточарско производство, за категоријата земјоделци со потенцијал за развој;
  94. Со Програмата за рурален развој 2018, определивме 10 милиони евра за капитални инвестиции во водостопанска инфраструктура (системи за наводнување и брани);
  95. Ги склучивме првите договори за мерката од ИПАРД, инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи;
  96. Донесовме методологија за процена на пазарна вредност на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти во функција на земјоделско производство (со што се создаде можност сопствениците на оранжерии да си го откупат земјиштето под оранжерии и објекти);
  97. Креиравме централизиран систем со кои сите подрачни единици на МЗШВ се поврзани со Агенцијата за катастар, за јасна евиденција на сите склучени договори за закуп на земјоделско земјиште, за да се знае кое земјиште е слободно;
  98. Спроведовме ревизија на процесот на давање државно земјоделско земјиште и ги раскинавме нерегуларните договори за 700 хектари земја;
  99. Формиравме работна група за системски измени во законот за земјоделско земјиште на основа на констатираните неправилности и земајќи ги предвид потребите на земјоделците. Го усвоивме Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија;
  100. Го усвоивме Предлогот-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија;
  101. Меморандум за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на пазарите на електрична енергија;
  102. Усвоивме предлог Закон за енергетика со кој се транспонира третиот пакет на Директиви за внатрешен пазар на електрична енергија и природен гас и со кој се затворија отворените постапки пред Енергетската заедница;
  103. Подготвуваме нов Закон за енергетска ефикасност со кој се создаваат неопходните предуслови за воспоставување Фонд за енергетска ефикасност;
  104. Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите обезбедивме поддршка за нови вработувања;
  105. Креиравме мерки за поддршка за воспоставување и унапредување на соработка со добавувачи од Република Македонија;
  106. Посебна поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес;
  107. Мерки за поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи;
  108. Позитивни мерки за поддршка за откуп на средства од претпријатија во потешкотии;
  109. Поддршка за зголемување на конкурентност на пазарот;
  110. Стимулации за поддршка за освојување пазари и пораст на продажба;
  111. За привлекување на дијаспората во економскиот развој на Република Македонија нудиме 10% повеќе средства од предвидените, до 1.000.000 евра;
  112. Ја усвоивме Стратегијата за мали и средни претпријатија која опфаќа подобрување на бизнис климата, јакнење на конкурентноста и вложување во човечки ресурси и технологија;
  113. Обезбедивме дополнителни 16 милиони денари за реализација на мерки по однос на Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво од вкупно 12 милиони коишто беа предвидени за 2017 година;
  114. За 2018 година за оваа Програма обезбедивме вкупно 48 милиони денари од кои 65% од средствата се веќе реализирани;
  115. Собранието на Република Mакедонија, на предлог на Владата на РМ, го ратификуваше Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата во рамки на ЦЕФТА, кој овозможува олеснување во трговијата;
  116. Се работи на измена и дополнување на Законот за индустриски и зелени зони со цел истиот да стане функционален и атрактивен за инвестиции од страна на претпријатијата;
  117. Во Владина процедура е усвојувањето на Стратегијата за женско претприемништво преку кое ќе се стимулира самовработувањето на женската популација, ќе се развиваат вештините за водење бизнис и ќе јакне улогата на жените во носење на бизнис одлуки;
  118. Работиме на измена и дополнување на Законот за возила со кое се предвидува воведување на еколошка налепница и уредување на такси превозот преку издавање на жолти таблици.