Брзи и коренити промени

 

РЕФОРМИ - БРЗИ И КОРЕНИТИ ПРОМЕНИ ЗА ДРЖАВА ПО ЕВРОПСКИ ПРАВИЛА

  1. Усвоена е Стратегија за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017-2022 со Акциски план, преку широк консултативен процес и редовни консултации со Европската Комисија;
  2. Формиран е Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 - 2022, со кој претседава премиерот;
  3. Обезбедена е целосна институционална поддршка на работата на СЈО, во согласност со соодветните закони;
  4. Се формираше работна група за увид во АКМИС, со што директно се постапува по извештајот на Прибе;
  5. Со подготви и донесе Законот за амнестија, со што се пристапи кон надминување на состојбата во затворите;
  6. Законот за укажувачите беше подготвен и донесен во Собранието.
  7. Беше укинат Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност на судија, а се врати надлежноста на Судскиот совет на Република Македонија;
  8. Согласно Планот 3-6-9, во изминатиот период успешно заврши и подготовката на пакетот закони за воведување надворешен механизам со кој ќе се воведе контрола над полициските службеници;
  9. Законот за бесплатна правна помош со кој се овозможува сосема нов концепт и пристап до правдата беше доставен во владина и собраниска процедура;
  10. Беше формиран Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, со цел овозможување целосна имплементација на Законот за медијација;
  11. Го подобривме Законот за заштита од дискриминација за да ги заштитува сите;
  12. Воведовме флексибилно работно време и двосменско работење во службите на институциите кои издаваат лични документи, дозволи, лиценци и сл;
  13. Предложени и усвоени беа измени на Законот за административни службеници, со кои се поедноставува постапката за селекција и вработување, се овозможува побрзо напредување во кариерата, како и намалување на притисокот врз вработените;
  14. На почетокот на 2018 година усвоивме нова Стратегија за реформи во јавната администрација (2018-2022), преку широк консултативен процес, со учество на претставници од јавниот сектор, но и невладини организации, комори и синдикати;
  15. Ја зајакнавме довербата во полицијата и нејзиниот имиџ како заштитник и пријател на граѓаните;
  16. Започнавме со реализација на проектот „Маалски полицаец“;
  17. Спроведовме проект за подобрување на условите во полициските станици;
  18. Набавивме нови униформи за полицијата и дрегери;
  19. Спроведовме реформа на системот на следење на комуникациите;
  20. Ја зајакнавме внатрешната контрола и отпочнавме со проект за воспоставување надворешен независен механизам за контрола;
  21. Ги зајакнуваме капацитетите за борба против организираниот криминал и корупција.
  22. Започнавме со реформирање на УБК, со цел Управата да се деполитизира и да ја врати својата суштинска задача (разузнавањето и контраразузнавањето во интерес на државата);
  23. Ги зајакнуваме капацитетите за справување со тероризам и со насилен радикализам;
  24. Ги подобривме условите за служба и ги зголемивме платите на целокупниот персонал во Армијата за 10%;
  25. Воведовме измени во критериумите за прием на питомци на Воена академија, со цел да се избегне политизираност и пристрасност;
  26. Спроведовме конкурс за прием на професионални војници за потребите на АРМ, со што ќе ја зголемиме борбената готовност и ќе ги подобриме капацитетите на АРМ;
  27. Се приклучивме кон Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната, за да ги зајакнеме нашите одбранбени образовни институции, пред се Воената Академија;
  28. Ги намаливме расходите за службени патувања и репрезентации за 7 милиони денари;
  29. Создадовме систем за пријавување родова дискриминација и вознемирување во АРМ;
  30. Спроведовме обука за градење интегритет на највисокото раководство во Министерството за одбрана;
  31. Развиваме нов Долгорочен план за развој на одбраната, за период 2019-2028, како и ревидиран План за опремување и модернизација на АРМ;
  32. Организиравме фер локални избори на кои граѓаните слободно се изјаснија;
  33. Создадовме демократски медиумски амбиент преку укинување на владиното  рекламирање, за да се оневозможи политичко влијание врз медиумите и пропаганда преку купување медиумски простор со трошење на парите на граѓаните;
  34. Обезбедуваме демократски комуникациски сервис, со единствен и еднаков пристап кон сите медиуми, без повластувања и ексклузиви, каде што новинарот е на прво место и сите поставени прашања се одговараат навремено и квалитетно;
  35. Развиваме протоколи за јавни комуникации и јавна комуникациска стратегија, наместо трошење милиони евра за владини реклами и пропаганда;
  36. Организиравме отворени дебати за измени на законите за медиуми, аудио и аудио визуелни медиумски услуги и за можностите за поддршка на печатените медиуми;
  37. Спроведуваме активна транспарентност со редовно објавување дневни редови и записници од владините седници;
  38. Воведовме пракса на објавување и ажурирање на 21 документ од јавен интерес од страна на министерствата и другите институции, со цел унапредување на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
  39. За да ја зголемиме отчетноста кон граѓаните, објавуваме информации за службените трошоци на министрите, замениците министри и државните секретари;
  40. Ги декласифициравме сите информации за службени патувања, репрезентации и за договорите за доделување државна помош;
  41. Со измени во законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможивме бесплатно давање информации од јавен карактер на сите баратели на информации на УСБ или преку е-маил;
  42. Обезбедивме бесплатни услуги од Централниот регистар и Агенцијата за катастар на недвижности за истражувачко новинарство;
  43. Го зголемивме рокот за коментирање на ЕНЕР од 10 на 20 дена. Секој граѓанин има поголема можност да учествува во создавањето на законските решенија;
  44. Започнавме со изработка на Адресар на граѓански организации кој ќе овозможи целосно инклузивен и неселективен пристап од страна на институциите во соработката со граѓанските организации;
  45. Спроведовме серија консултативни средби со граѓански и медиумски организации за досега спроведените активности во рамки на Агендата за транспарентност, а сите предлози за нејзино унапредување се земени предвид при преземање на идни чекори;
  46. Формиран е Национален ИКТ совет кој во моментот спроведува проценка за ИТ инфраструктурата/ вработеноста на ИТ кадарот во администрацијата (во сите 1299 институции);