Квалитетни услуги блиску до тебе

 

 

 

СЕ ГРИЖИМЕ – КВАЛИТЕТНИ УСЛУГИ БЛИСКУ ДО ТЕБЕ

  1. Изготвивме Закон за стечајци, со чие усвојување се решава животното прашање на околу 5.000 стечајци;
  2. Со Младинска гаранција го зголемуваме опфатот и вклучувањето на младите невработени лица на пазарот на трудот (пилот фаза во три општини - Скопје, Гостивар и Струмица);
  3. Воведовме мерки за унапредување на правата на лица со попреченост со измени во Законот за социјална заштита;
  4. За првпат усвоивме програма за персонална асистенција на лица со попреченост, целосно финансирана од Буџетот;
  5. Донесовме програма за ослободување од здравствена партиципација за деца од семејства-корисници на социјална помош;
  6. Обезбедивме капитални инвестиции во социјална заштита: за дневен центар за лица со Даунов синдром; за проширување на капацитетите и подобрување на условите на дневниот центар за аутизам во Заводот за рехабилитација на деца и младинци - Топанско поле, за центар за лица со церебрална парализа, за дополнителни 3 нови дневни центри во Македонска Каменица, Велес, Македонски Брод;
  7. Обезбедивме средства за нови 138 вработувања во центрите за социјална работа;
  8. Формиран е специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје;
  9. Отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица во Битола, Струга и Струмица, а се проширија капацитетите на постоечкиот центар "Момин Поток" во Скопје;
  10. Овозможивме лицата кои заради примени пари по брз трансфер, го изгубиле правото на социјална помош, да може повторно да аплицираат;
  11. Ги реконструиравме 30-те центри за социјална работа коишто опслужуваат повеќе од 200 илјади граѓани во социјален ризик;
  12. Спроведуваме деинституционализација - минимум 12 нови мали групни домови (за трансформација на институции за згрижување на деца со воспитни проблеми како 25 Мај, Демир Капија и Бања Банско);
  13. Го решаваме проблемот на околу 3000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени - објавен е повик од Управата за водење на Матични книги за пријавување на лица кои не се евидентирани во Матичната книга на родени;
  14. Отворивме градинки во Врапчиште и Старо Нагоричане, наскоро ќе профункционираат објектите во Зрновце, Прилеп, Чашка, Караслари - Велес, а привршуваат и процедурите за градинките во Маврово Ростуше, Прељубиште, Куманово и Кавадарци. Во текот на 2018 година ќе се изгради или адаптира соодветен простор за предучилишни установи и во Кривогаштани, Чешиново - Облешево, Чучер Сандево, Горобинци, Кравари-Битола, Марена-Кавадарци, Конче, Валандово, Пробиштип, но и во други места низ државата за кои што општините ќе подготват соодветни проекти;
  15. Воведовме двосменско работење на градинките;
  16. Самохраните родители ги ослободивме од плаќање надоместок во градинки;
  17. Ја ратификувавме Истанбулската конвенција и ја засиливме борбата за искоренување на насилството врз жените и домашното насилство;
  18. Подготвуваме нов закон за социјална заштита со кој ќе се даде основа за воведување минимален адекватен приход;
  19. Обезбедивме средства за усогласување на пензиите согласно трошоците за живот и за 2018 година;
  20. Правиме анализи за воведување државна социјална пензија за лица кои имаат над 65 години, не остваруваат услови за старосна пензија и немаат никакви други приходи;
  21. Одблокиран е софтверот за исплата на субвенции и за аплицирање за субвенции за 2017 година;
  22. Во еден ден исплатени 25 милиони евра за субвенции за тутунот од реколтата 2016 и околу 2,3 милиони евра за субвенции за пчелни семејства;
  23. Во еден ден се исплатија 22 милиони евра или околу 80 отсто од субвенциите за тутунот од реколтата 2017 за 20.880 тутунари. Дополнително се исплатија уште 3,9 милиони евра, со што вкупната исплатена сума достигна 26 милиони евра за 24.708 тутунари;
  24. За прв пат, во мај месец реализацијата на исплатата на субвенциите за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017 е 6 милијарди денари. Се движиме со динамика која што гарантира навремена исплата во законскиот рок, до 30-ти јуни;
  25. Пред почетокот на новата производствена реколта, лозарите ги добија субвенциите за одржување на лозови насади, исплатени се над 600 милиони денари по овој основ;
  26. Обезбедени се 15 милиони евра преку ИПА 2019 за финансирање во секторот земјоделство;
  27. Започна потпишувањето на договори за спроведување на инвестиции преку ИПАРД 2, досега се потпишани 88 договори со вкупна инвестициска вредност од над 5,3 милиони евра;
  28. Со измена на Законот за земјоделско земјиште ги ослободуваме младите од плаќање на закупнина во првите 3 години, дополнителни бенефиции младите земјоделци имаат и преку Програмата за директни плаќања 2018;
  29. Донесени измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој во коишто е вклучена мерката за евтина зелена нафта, со ова во земјоделството остануваат 5 милиони евра;
  30. За добивање субвенции се одложува условот на должници за јапонската помош и кон УЈП;
  31. Со измените на Законите за ловство и за рибарство и аквакултура, се укина електронското полагање на ловечки испит и испитите од областа на рибарството, а со тоа комплетно се поедноставува и забрзува целата процедура за полагање на испитите;
  32. Закон за консолидација на земјоделско земјиште е поминат на прво читање на комисиска и пленарна седница во Собрание;
  33. Со огласите за давање државно земјоделско земјиште под закуп што се објавија во 2018 година, склучени се 26 договори до три хектари со вкупна површина од околу 47 хектари, а за огласот над 3 хектари се очекува да се склучат 16 договори со вкупна површина од околу 342 хектари;
  34. Објавен е јавниот повик за изведувач за системот Програма за наводнување на јужната долина на Вардар фаза 2, за што од германската банка „KfW“ МЗШВ доби грант од 4 милиони евра;
  35. Започна спроведувањето на проектот со ЕУ за еколошки системи за наводнување, за што веќе се избрани 8 локации, а на 3 веќе се врши проектирање за што се обезбедени 3,2 милиони евра;
  36. Се гради браната Конско;
  37. Изградба на браната Речани;
  38. Изградба на систем за наводнување Равен Речица;
  39. Изготвување на техничка документација за браната река Слупчане;
  40. Завршува санацијата на Брана Пишица;
  41. Изградба на систем за наводнување на хидросистем Злетовица, втора и трета фаза;
  42. Во владина постапка е Законот за советодавен систем (подобри советодавни услуги за земјоделците);
  43. Во фаза на донесување е Закон за производи за заштита на растенија (намалена употреба на пестициди, а поголема употреба на агротехнички мерки, со цел безбедност на здравјето на граѓаните);
  44. Се подготвува нов Закон за тутун и тутунски производи во интерес на тутутнопроизводителите;
  45. Се објави и во тек е огласот за давање на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари за земјиштето на поранешниот агрокомбинат „Џумајлија“, со којшто се распишани 907 хектари плодна земја поделена во 10 блока, со олеснети услови;
  46. Се подготвува наменски оглас за давање на државно земјоделско земјиште под закуп за сточарите, затоа што домашното производство на добиточна храна е најевтино;
  47. Се ослободија 11.000 хектари земја, целосно чисти и оформени во блокови за посериозни инвестиции и привлекување странски инвестиции;
  48. Се подготвува повик за откупување на земјоделското земјиште под објектите за земјоделска намена, односно оранжериите, помошните објекти и објектите за примарна обработка на земјоделски производи;
  49. Во тек е функционална анализа на поставеноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на органите во состав на Министерството, со цел ефикасно спроведување на политиките и услугите на граѓаните;
  50. Акредитирање на нови мерки за ИПАРД Програмата (ЛИДЕР, рурална инфраструктура и советодавни услуги);
  51. Издадени решенијата за Локални акциски групи;
  52. Ја донесовме „Националната стратегија за заштита на природата (2017-2027)“ и „Националната стратегија за биолошка разновидност (2018-2023)“;
  53. Во ноември 2017 година започна со реализација ИПА Твининг проект „Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на ЕУ законодавството од областа на заштита на природата“;
  54. На 12 јули 2017 година започна ЕУ/УНДП проектот: „Унапредување на управувањето со заштитените подрачја“;
  55. Започна со реализација проектот Втора фаза од програмата за зачувување на природата во Македонија, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC);
  56. Во ноември 2017 година заврши проектот Заштита и одржлива употреба на биолошка разновидност во Преспанско, Охридско и Скадарско Езеро (CSBL);
  57. Завршија преговорите за потпишување меморандум за соработка за иницијативата за формирање Фонд за природа Преспа-Охрид (ПОНТ);
  58. Во делот на валоризацијата на природното наследство се продолжи со изработка на Студија за валоризација на природни вредности на Шар Планина, како и други природни реткости;
  59. Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот од Париз во ноември 2017 година, со што ја потврди својата заложба за приклучување кон глобалните напори за намалување на климатските промени, а исто така го усвои и Вториот двогодишен извештај за климатски промени кој содржи најнови податоци и анализи за емисиите и апсорбентите (понирања) на стакленички гасови (GHG);
  60. Во изминатите десет месеци се донесе целокупната планска документација за 7 од 8-те плански региони во РМ за воспоставување интегрален систем за регионално управување со отпад, а се постигна и политички договор помеѓу Владата на РМ и Локалната самоуправа за воспоставување на наведениот систем;
  61. Формирана е Интерсекторска работна група за воздух, обезбедено е возило за одржување на мониторинг станиците и мобилна станица за квалитет на амбиенталниот воздух;
  62. Отпочна проектот финансиран од Швајцарската Влада, а имплементиран од UNDP за „Намалување на ризикот од поплави во Полошкиот регион“. Проектот се реализира во наредните четири години (од ноември 2017 до декември 2021);
  63. Изградба на дел од водоснабдителен систем за Општина Липково во висина од 138 милиони денари, обезбедени од буџетот на РМ;
  64. Изградба на дел од фекална канализација за Општина Арачиново во висина од 35 милиони денари, обезбедени од буџетот на РМ;
  65. Изградба на главен фекален и секундарен колектор во Општина Кочани во висина од 90 милиони денари, обезбедени од буџетот на РМ, како и изградба на пречистителна станица за отпадни води финансирана од Швајцарската Влада, во висина од 1 милијарда денари;
  66. Во март 2018 година е пуштена во употреба пречистителна станица за отпадни води во Општина Кичево, за 48.000 еквивалент жители и 4.7км колектор за одведување на отпадните води до Пречистителната станица за отпадни води. Вкупната вредност на проектот е 8.254.355 евра;
  67. На 18 декември 2017 година пуштена е во употреба пречистителната станица за третман на урбаните отпадни води во Струмица, со капацитет од 53.000 еквивалент жители. Вкупната вредност на проектот е 6.910.876 евра;
  68. Во декември 2017 година заврши проектот Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Берово. Вкупната вредност на проектот е 3.863.186 евра;
  69. Во декември 2017 година заврши проектот Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Куманово. Вкупна вредност на проектот 4.323.224,55 евра;
  70. Во февруари 2018 година започна со реализација проектот “Подобрување на инфраструктурата за отпадни води во градот Скопје”. Проектот е во приближна вредност од 10 милиони евра;
  71. Ги зголемивме годишните средства за рамномерен регионален развој за над 50%, со транспарентни механизми за рамномерна распределба на средствата, со цел да се стимулира локалниот економски развој и да се намалат регионалните разлики;
  72. Во Буџетот на Република Македонија за 2018 година, средствата за рамномерен регионален развој се во износ од 328.873.000 денари, што претставува зголемување за 101 милион денари во однос на 2017 година, кога за таа намена беа утврдени 227.691.000 денари;
  73. Го спроведуваме проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, во соработка со Владата на Швајцарија, која за негова имплементација донира 2.539.997 CHF за периодот 2017-2020 година, додека од Буџетот на Министерството за локална самоуправа се кофинансираат средства во износ од 1.269.440 CHF, за истиот период;
  74. Започнавме со реализација на проектот Подобрување на општинско управување, финансиран од Европската Унија во вредност од 2,3 милиони евра (Проектот го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП);
  75. Подготвуваме измени и дополнувањата на Програмата за одржлив развој и децентрализација 2015-2020, како и на нов Акциски план за периодот 2018-2020;
  76. Работна група во којашто членуваат претставници од надлежните министерства и ЗЕЛС работи на редефинирање на начинот и критериумите за распределба на наменските и блок дотациите за општините со цел да се обезбеди предвидлива и транспарентна распределба на средствата наменети за обезбедување на функциите на основните и средните училишта, детските градинки, јавните домови за грижа на стари лица и на локалните установи од областа на културата;
  77. Организиравме одмор за 3000 семејства на работници со ниски примања, чии приходи не надминуваат 22 илјади денари во семејство, преку субвенција во вредност од 15 илјади денари, за користење на одмор, вон сезона во еден од категоризираните угостителски објекти за сместување во Република Македонија;
  78. Ги преполовивме наследените долгови за ученичките и студентските домови;
  79. Подготвен е и изгласан нов Закон за високото образование кој ја враќа автономијата на универзитетите и кој е предуслов за подигнување на квалитетот на образованието, се подготвуваат промени на Законите за основното и средното образование;
  80. Подготвен е Закон за Математичко-информатичката гимназија, кој ќе овозможи формирање и функционирање на првата Математичко-информатичка гимназија за талентирани ученици;
  81. Започнавме со ревизија на образовниот систем и наставните програми и планови за основното образование од 1-3 одделение;
  82. Започнавме со ревизија на учебниците во основното образование, што за крајна цел има да овозможи квалитетни учебници за учениците, ослободени од дискриминација, предрасуди и грешки;
  83. Започнавме со реформа на средното стручно образование, во насока на усогласување на стручниот кадар кој произлегува од училиштата со потребите на пазарот на трудот, како и подобрување на средината за учење и квалитетот на стручното образование и обука;
  84. Подготвивме нова Стратегија за образованието 2018-2025 која се темели на јасно утврдување на главните предизвици во образованието и дефинирање на приоритетите на кои како Влада ќе бидеме фокусирани во периодот што следи;
  85. Го ревидиравме списокот за лектири за основното образование, за кој е доставен предлог и во тек е јавна дебата;
  86. Со намалување на цените на 50 проценти од лековите на рецепт, од оваа пролет се заштедуваат 2.381.600 евра пари на граѓаните;
  87. Проекциите на економски раст, на консолидација на буџетските приливи, ќе ни овозможат реализација на мерката за ослободувањето од партиципацијата за болничко лекување за сите граѓани;
  88. Формиран е нов Комитет за имунизација во проширен состав и за прв пат набавивме вакцини против сезонски грип за бесплатна вакцинација на старите лица;
  89. Во Програмата за јавно здравје за 2018 година воведени се превентивни прегледи од страна на физијатар за рана дијагноза на деформитети на рбет кај деца на училишна возраст;
  90. Почнувајќи од 2018 година Владата на Република Македонија и Министерство за здравство, целосно ја презедоа обврската за целосно финансирање на Националната програма за ХИВ, која досега беше кофинансирана од Глобалниот Фонд;
  91. Осовременување на Календарот за имунизација со менување на две постоечки вакцини и воведување на вакцинација против стрептококус пнеумоние и вакцинација против рота вируси како задолжителни вакцини, а со тоа заштита на децата од тешки заболувања со компликации предизвикани од овие причинители;
  92. Донесовме Протокол за лекување на деца зависници од психоактивни супстанци.
  93. Во постапка е формирање на Национално координативно тело (Кризен штаб) со задача да врши координација, да предлага мерки и да го следи спроведувањето на истите, при итни, кризни состојби и катастрофи од областа на здравството;
  94. Со измена на Законот за медицински студии и континуирана медицинска едукација ја укинувaме обврската на Mинистерството за здравство за подготовка на годишен план за едукација на 1000 лица во странство, со што обврската е сега на јавните здравствени установи согласно потребите;
  95. Реализиран е третиот оглас за кофинансирани специјализации и отпочнати се 12 кофинансирани специјализации по гинекологија и акушерство со цел обезбедување матични гинеколози во средини каде ги нема;
  96. Формирана е нова Национална комисија за ретки болести со вклучени експерти од сите Универзитетски клиники каде се лекуваат пациенти со ретки болести и во тек е постапка за јавна набавка на сите потреби лекови за ретки болести, за што се обезбедени 400.000.000,00 денари;
  97. Министерството за здрaвство се одлучи за намалување на бројот на директори, со што на годишно ниво само за плати на организациските директори во 40 здравствени установи се очекува значително намалување на вкупните трошоци;
  98. Во буџетот на Министерството за здравство за 2018 година обезбедени се вкупно 221.000.000 денари за набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ;
  99. Обезбедуваме хибридна сала во која ќе се применува комбинација на ендоскопска и отворена хирургија или обратно;
  100. Во буџетската 2018 година набавуваме мамографи за ЈЗУ ЗД Скопје, ОБ Куманово, ЗД Крива Паланка и КБ Битола;
  101. Потпишан е меморандум меѓу владите на Македонија и Бугарија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги;
  102. Примени се нови 125 професионални војници во АРМ;
  103. Преку широк консултативен процес изготвивме Стратегија за културен развој за наредните 5 години (2018-2022) и Акциски план (2018-2022), кои беа усвоени од Владата на Република Македонија;
  104. Подготвивме законски измени со кои решаваме значајни проблеми и водиме системска грижа за одржливост и развој во културата и уметноста на подолг рок;
  105. Преку конкурсот за „Новиот културен бран“ успеавме да мотивираме организирање на повеќе од 100 културно-уметнички настани во земјава и да ја заживееме независната културна сцена;
  106. Ги отворивме вратите на културните установи и на Министерството за култура за соработка со граѓанскиот сектор и со независната културна сцена;
  107. Постигнавме голем успех на меѓународната културна сцена - го отворивме Центарот за културна соработка на Иницијативата „16+1“ за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа и НР Кина;
  108. Спроведовме итни интервенции во Чифте амам, Даут-пашин амам и во Музејот на Македонија за заштитата на запоставеното бесценето културно наследство од поројните дождови;
  109. Поведовме процес за заштита на струмичката фреска „Св. 15 Тивериополски маченици“, една од најстарите во нашиот регион, со години оставена на милост и немилост на временските услови;
  110. Започнавме интензивни активности за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново;
  111. Во 2018-та спроведуваме ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство;
  112. Формирана е Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, составена од 22 институции и државни органи на централно и локално ниво, која 8 години не била формирана иако законот го предвидува тоа; Комисијата веќе одржа две седници и започна со реализирање на мерките кои треба до крајот на годината да ги унапредат состојбите и придонесат за позитивно вреднување на нашите напори од Светската организација.
  113. Владата донесе одлука со пакет од 11 мерки за унапредување на македонскиот јазик;
  114. Беа подготвени и усвоени законски измени во Законот за употребата на македонскиот јазик;
  115. Беше избрана Комисијата за спроведување на испитот за лектор, како и други акции со кои се деблокираше процесот за полагање на лекторскиот испит;
  116. Овозможивме подобри услови за заштита и унапредување на македонскиот јазик во јавната комуникација;
  117. Почнуваме со темелни реформи и унапредување на работничките права на уметниците и културните работници преку подготовка на колективниот договор за вработените во културата;
  118. Го реформираме системот на финансирање на Националните установи, за да добиваат резервиран буџет, врз основа на стратешки план за период од три години;
  119. Спроведени се тендерски постапки во повеќе национални установи, започнува реконструкција на покриви во повеќе театри и центри за култура низ земјава;
  120. Наодите на елаборатот на работната група на Министерството за култура за споменикот на А.Ј.Ќосето беа спроведени од надлежните органи и нелегалниот споменик е отстранет;
  121. Подготвени се повеќе елаборати за објекти и споменици од таканаречениот Проект Скопје 2014;
  122. Спроведовме јавна расправа за инцијативата за ревитализација на музичката продукција на МРТ, која беше прифатена со акламација од сите музички работници во земјата. Владата го усвои заклучокот со кој се задолжуваат надлежните министерства и институции да продолжат со спроведување на овој процес;
  123. Со навремено исплаќање на долговите за изградбата на Македонската филхармонија спречивме казнени камати од стотици илјади евра и добивме вредна донација - врвно пијано Стенвеј во вредност од 170 илјади евра од компанијата Штрабаг;
  124. Помогнавме да се надмине ситуацијата со недостаток на простор и средства и успеавме годинава без никакви попречувања да се одржи 30. јубилејно издание на Саемот на книга, со бесплатни посети за ученици и средношколци;
  125. Неколку научни и културни установи реализираа проекти за дигитализација на нашето музичко и литературно творештво;
  126. Со Град Скопје потпишано е писмо за намери за реконструкција на Универзалната сала, почнуваат подготовките на документацијата, изградбата ќе започне во 2019 година;
  127. Го промовиравме значајното палеонтолошко откритие - фосилни остатоци од изумрен вид на слон во Долни Дисан, што го привлече вниманието на повеќе значајни светски медиуми (Дејли Мејл, Чикаго Трибјун, Бизнис Инсајдер, итн...);
  128. Со Казнено поправната установа „Затвор Скопје“ потпишавме меморандум за соработка, со кој се адресираат препораките на ЦПТ на Совет на Европа и се предвидуваат активности за унапредување на културно-уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани;
  129. Македонија стана формална членка на ТРАДУКИ. На првиот состанок на мрежата на кој учествуваме како полноправна членка веќе се обезбедени средства за повеќе нови проекти на македонските издавачи;
  130. Во Давос е потпишана декларацијата за Баукултур - култура на изградба;
  131. Договорено е значајно присуство на македонските уметници идната година во Пловдив, кој ќе биде културна престолнина на Европа за 2019 година;
  132. Македонија има одличен проект на Биеналето на архитектура во Венеција, со визии за справување со наследството од Скопје 2014;
MK