|
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и Занаетчиската комора Кобленц
Скопје, 30 август
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами во рамки на посетата на СР Германија, потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Занаетчиската комора Кобленц за совладување на невработеноста.
Министерот Бесими оствари средба со министерот за економија на Германија Рајнер Брудерле
Скопје, 30 август
Во рамки на официјалната посета на Занаетчиската комора Кобленц, министерот за економија Фатмир Бесими денеска се сретна со својот германски колега Рајнер Брудерле.
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за економија и Занаетчиската комора Кобленц
Кобленц, 30 август
Министерот за економија Фатмир Бесими, во рамки на посетата на СР Германија, потпиша Меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за економија и Занаетчиската комора Кобленц, за поддршка на развојот и промоцијата на занаетчиството во Република Македонија.
Премиерот Груевски учествуваше на приемот што го организира австрискиот канцелар Фајман за лидерите на земјите од регионот
Салцбург, 28 август
Македонскиот премиер Никола Груевски синоќа во Салцбург присуствуваше на неформалниот прием што го организира австрискиот канцелар Вернер Фајман за лидерите од регионот.
На приемот присуствуваа и албанскиот премиер Сали Бериша, црногорскиот Мило Ѓукановиќ и високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валантин Инцко.
Средба Груевски-Фајман: Македонија не смее да се гледа само преку призмата на проблемот со името
Салцбург, 27 август
Премиерот Никола Груевски денеска во Салцбург се сретна со австрискиот канцелар Вернер Фајман со кого разговараше за повеќе теми од областа на економијата, енергетиката, за политички прашања и за билатералната соработка меѓу двете земји.
Честитка од премиерот Груевски до поглаварот на МПЦ г.г. Стефан по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
Скопје, 27 август
Ваше Блаженство,
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, како и на сите православни верници, од мое име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица и да ја изразам својата најискрена желба за мир, спокојство и љубов во срцата на сите христијани.
Средба на премиерот Груевски со висока делегација на Комунистичката партија на НР Кина
Скопје, 26 август
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, во придружба на повеќе министри од македонската Влада, денеска се сретна со високата делегација на Комунистичката партија на Народна Република Кина предводена од министерот за пропаганда и секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија Лие Јуншан.
Поставен камен-темелник на фекалната канализација во Катланово
Скопје, 26 август
Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски денеска во Катланово поставија камен-темелник на новата фекална канализација.
Средба на премиерот Груевски со висока делегација на КП на НР Кина
Скопје, 26 август
И З В Е С Т У В А Њ Е
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (четврток, 26 август 2010 година) ќе оствари средба со висока делегација од Комунистичката партија на Народна Република Кина, предводена од г-дин Лиу Јуншан, министер за пропаганда и секретар во Централниот комитет на Комунистичката партија.
Груевски: Кон крајот на идниот месец ќе пристигнат првите десетина нови автобуси за ЈСП „Скопје“
Скопје, 26 август
Премиерот Никола Груевски очекува новите автобуси за ЈСП „Скопје“ да пристигнуваат според однапред утврдената динамика и вели дека Владата редовно ги исплаќа ратите за новно производство.
Груевски: Крајно време е да се реши проблемот со името, но Грција има максималистички барања
Скопје, 26 август
Премиерот Никола Груевски смета дека е крајно време да се реши проблемот што Грција го има со нашето уставно име, но смета дека се максималистички барањата на јужниот сосед.
Премиерот Груевски е умерен оптимист по последните податоци на ДЗС за подобрување на економијата
Скопје, 26 август
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски е задоволен од фактот што Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека компаниите овој месец работеле подобро отколку во минатиот, но е умерен оптимист за целосно излегување од кризата.
|
|
|