Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА





Почна изградбата на двојно тениско игралиште во општина Карпош

Скопје, 5 август


Во општина Карпош денеска беше означен почетокот на градежните работи за изградба на двојно тениско игралиште со два терена, кое е дел од владиниот проект за изградба на 100 тениски игралишта.

  • Повеќе
Претседателот на Владата ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран локален пат

Скопје, 6 август

С О О П Ш Т Е Н И Е

 


Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 6 август 2010 година) ќе присуствува на пуштањето во употреба на реконструираниот локален пат од село Љубанци до село Љуботен, во општина Бутел.

  • Повеќе
Владата предвидува обезбедување субвенции за извоз на вино

Скопје, 5 август


Обезбедување субвенции за извоз на вино и за дестилација се некои од мерките со кои Владата сака да му помогне на лозарството. Ситуацијата во овој сектор дополнително ја ископлицираа големите залихи вино, произведените количини останаа непродадени поради светската економска криза.
Државата еднаш интервенираше преку обезбедување поволни кредити за винарите, но тоа, како што рече денеска премиерот Никола Груевски, делумно помогна.

  • Повеќе
Груевски: Не би оделе на прекин на преговорите со Грција за името

Скопје, 5 август


Владата нема да ги прекине преговорите со Грција за името, како што сугерира дијаспората. Ова го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на две тениски игралишта во општина Карпош.


- Не би рекол дека би оделе на прекин, но сме многу внимателни во тие разговори, истакна премиерот Груевски. 

  • Повеќе
Груевски: Процесот на денационализација е во завршница, останати уште 200 предмети во првостепена постапка

Скопје, 5 август


Процесот на денационализација е при самиот крај. Во првостепена постапка останати се уште 200 најкомплицирани предмети, изјави денеска премиерот Никола Груевски.


- Процесот на денационализација е во самата завршница. Почна во 2000 година со многу силно темпо и траеше така до крајот на 2002 година. За жал, некаде од 2002 до 2006 година имаше еден застој, забавување на процесите, но оттогаш има забрзување на процесот. Останати се уште 200 најкомплицирани предмет и во првостепена постапка од вкупно 32 илјади предмети, истакна Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на две тениски игралишта во општина Карпош.

  • Повеќе
Премиерот Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на две тениски игралишта

Скопје, 5 август

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (четврток, 5 август 2010 година) ќе присуствува на поставувањето камен темелник за изградба на две тениски игралишта во општина Карпош.

 

  • Повеќе
До 2014 година судството ќе добие двојно повеќе средства, најави премиерот Груевски

Струмица, 3 август


Судството до 2014 година ќе добие двојно повеќе средства. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а законското решение Владата го прифати на последната седница и го упати до Собранието.

  • Повеќе
Премиерот Груевски ја предаде во употреба новата спортска сала во општина Василево

Струмица, 3 август


Премиерот Никола Груевски денеска ја предаде во употреба првата спортска сала во општина Василево, која беше изградена во рамките на проект на Владата и на Министерството за образование и наука на Република Македонија „145 спортски објекти во земјата“.

  • Повеќе
Премиерот Груевски пушти во употреба реновинаран патен правец во Валандовско

Валандово, 3 август


Премиерот Никола Груевски денеска во Валандово го пушти во употреба реновираниот регионален патен правец Давидово-Раброво во должина од околу 13,4 километри за кој беа инвестирани околу 67 милиони денари.

  • Повеќе
Предадена во употреба спортска сала во село Стојаково, дел од владиниот проект за изградба на 145 спортски сали

Струмица, 3 август


Премиерот Никола Груевски денеска во ОУ „Кирил и Методиј“ во селото Стојаково, општина Богданци, ја пушти во употреба спортската сала која е дел од проектот на Владата и Министерството за образование и наука за изградба на 145 спортски сали ширум Македонија.

  • Повеќе
Премиерот Груевски во посета на општините Богданци, Валандово, Струмица и Василево

Скопје, 3 август


С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 3 август 2010 година) ќе ги посети општините Богданци, Валандово, Струмица и Василево, при што е предвидена следната агенда:

  • Повеќе
Обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски на големиот народен собир на Мечкин Камен


Крушево, 2 август

Почитувани граѓани на Република Македонија,
Драги Македонци,


Илинд енски потомци и следбеници,
Ваши екселенци
Претставници на МПЦ и останатите верски заедници во Република Македонија,
Почитувани гости,
Драги крушевчани,

Илинден. Поим што е запишан во македонскиот код. Збор кој што секој Македонец го носи во срцето, го чува во душата.
Илинден е емоција, љубов, енергија, знаење.

  • Повеќе
ПрваПретходна…2345678910…СледнаПоследна
Syndicate content