Битола, 25 јули
Ние Македонците знаеме кои сме и таквата наша свест неможе да биде поистоветена како пречка за интегрирање на нашата држава во евроатлантските структури. Таквиот факт ќе го презентираме насекаде низ светот, затоа што меморијата и помнењето е начин да го зачуваш она што го сакаш, она со што се поистоветуваш, тоа што не сакаш никогаш да го загубиш, а тоа е нашето име и идентитет како колективно наследство од многу генерации, истакна денеска во Битола премиерот Груевски.