Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е основана на 2-ри февруари, 2002 година, со цел да му помага на Претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности, а кои произлегуваат од Уставот, Законот и Деловникот за работа на Владата.

Канцеларијата ги остварува следните надлежности:

  • Канцеларијата ја координира соработката на Претседателот на Владата со државните органи, јавни претпријатија, установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица;
  • Канцеларијата го следи процесот на организација, подготовка и спроведување на програмата на Владата;
  • Канцеларијата се грижи за остварување на заклучоците на Владата од страна на надлежните министерства и органите на државната управа;
  • Канцеларијата се грижи за односите помеѓу Владата, Собранието, судската власт и Претседателот на државата;
  • Канцеларијата го следи остварувањето на насоките дадени од Претседателот на Владата до членовите на Владата;
  • Канцеларијата му помага на претседателот на Владата во соработката со претседатели и претставници на Влади на други држави и со претставници на меѓународни органи и организации и нивни органи;

Претседателот на Владата по сопствен избор и слободна процена може да ангажира надворешни соработници, како на пример: професори, научници, истакнати стопанственици и стручни лица. Претседателот може да ангажира и државни службеници од Генералниот секретаријат на Владата, министерствата и други самостојни органи.

Со Канцеларијата раководи Шеф на Канцеларијата, кој го именува и разрешува Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

  • Илир Селмани, Шеф на канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Слободен пристап до информации

Документи од областа на слободен пристап до информации од јавен карактер:

Обрасци:

Листа - слободен пристап до информации:

Согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015, 55/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019), Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја објавува следната: 

Листа на информации од јавен карактер

 

Правилник за систематизација на работните места:

 

Одлуки за формирање на Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија:

Службени лица

Согласно обврските што произлегуваат од  член  8  од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија бр. 13/2006“), кој почна да се применува  на  1 септември 2006 година, имателот на информации - КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, за службени лица кои ќе посредуваат при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, се определуваат:

  • Дејан Герасимовски
  • тел: 02 3 113 512 и 075 402 763
  • e-mail: dejan.gerasimovski@primeminister.gov.mk
  • Влада на Република Северна Македонија
  • Канцеларија на претседател на Влада на Република Северна Македонија
  • Булевар „Илинден“ број 2, Скопје, Република Северна Македонија

Правилник за заштитено внатрешно пријавување:

Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија:

Овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитeно внатрешно пријавување во Владата на Република Северна Македонија

1. Софија Брајковски - посебен советник за следење на проекти и искористување на ИПА фондови во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија

Упатство за прием на пријави од укажувачи

Oвластени лица - офицери за заштита на личните податоци:

1. Дебора Лакордова - помошник раководител на сектор за координација со проекти и други стручни работи за координација со проекти, во Сектор за координација со проекти и други стручни работи

  • Е-мејл адреса: debora.Lakordova@gs.gov.mk
  • Контакт телефон: 071-206-764
  • Локал 204 - ГС - Канцеларија 413, кула 6