Попоски на средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана од амбасадорот на Словачка во Република Македонија, утрово во Скопје присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на Чешка, Полска и Унгарија, што традиционално се организира од актуелниот претседавач со Вишеградската група.

Како што соопшти МНР, настанот беше искористен за размена на мислења за соработката меѓу Република Македонија и четирите земји во различни области од взаемен интерес, интергацијата на Македонија во ЕУ и НАТО, регионалните состојби и проекти наменети за што поголемо регионално економско и инфраструктурно поврзување, а во овој контекст и за активностите на македонското претседателството со ЦЕИ во 2015 година.

Амбасадорите од Вишеградската група ја реафирмираа принципиелната и конзистентна поддршка на нивните земји за проширувањето на ЕУ и НАТО со мериторен пристап и исполнување на неопходните критериуми за членство во двете организации, стои во соопштението.