Учество на министерот Никола Попоски на седмата Министерска конференција на германскиот Институт АСПЕН во Берлин

На покана на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер и министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Паоло Џентилони, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски учествуваше на министерската конференција за Југоисточна Европа, организирана од Институтот АСПЕН во Берлин.

На Конференцијата се разговараше за процесот на проширување на ЕУ, регионалната соработка, економскиот развој, со главен фокус на актуелните предизвици со кои се соочува Европа – безбедноста и мигрантската криза.

МНР Попоски нагласи дека процесот на пристапување кон ЕУ е најдобар одговор за клучните предизвици со кои се соочува Балканот, а европската перспектива е клучна за стабилизација и просперитет на Балканот на долг рок. „Одложувањето на преговорите не ја подобрува климата во регионот“, подвлече МНР Попоски. Во однос на мигрантската криза, тој ги истакна мерките што Македонија ги спреоведува – одвојување на мигрантите од бегалците, насочување и регистрирање за обезбедување соодветен хуман третман.