Министерски состанок во Амстердам „Управувањето со граници не е план, туку реалност“

Актуелната мигрантската криза и модалитетите за поефикасно справување со истата беа во фокусот на дискусиите нанеформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во Европската унија (GYMNICH), кој денеска се оддржа во Амстердам, на кој учествуваше и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.

Министерот Попоски ги запозна министрите со актуелната состојба  и начинот кој Република Македонија се справува  со масовниот наплив на мигранти. Меѓудругото, тој подвлече дека Република Македонија се залага за заеднички критериуми за справување со миграциската криза, и е посветена на поефикасно управување со границите. Во тој контекст, истакна дека граничниот менаџмент не е план, туку реалност и дека континуирано се работи на негово подобрување, со цел да се редуцира нелегалниот наплив на мигранти кон ЕУ.

Оттука, Република Македонија покажа во пракса  дека може да го реализира договореното и видливо да го спречи нелегалниот проток на мигранти кои немаат основа да бидат баратели на азил во ЕУ. Најдобро решение е веќе договореното за помош на Турција и соседите на Сирија, како и подобрена контрола и регистрација за влез во ЕУ. Но,  секој од нас има одговорност да придонесе.

Претходно,  министрите за надворешни работи на Германија, Грција, Хрватска, Австрија, Словенија, Србија и Република Македнија, одржаа посебен состанок со кој претседаваше МНР на Холандија на кој се дискутираше  за ефикасноста на граничната контрола по главниот мигрнтски пат на Балканот. Министрите разменија мислења и ставови за серија мерки кои би придонеле кон подобра гранична контрола и за поголеми напори на надворешните граници на ЕУ, со што би се одбегнало последователно затварање на границите како последица од зголемен притисок во земји кои се крајна дестинација на поголем број мигранти. Исто така, голем дел од вниманието беше посветено на мигрантската криза, во контекст на процесот на интегрирање на балканските земји во ЕУ.

На маргините на состанокот, МНР Никола Попоски  се сретна со ВП на ЕУ Могерини и со МНР на Холандија Кундерс, Германија Штајнмаер, Велика Британија Хамонд, Франција Фабиус, Унгарија Сиарто, Словачка Лајчак, Хрватска Ковач, Грција Коциас, Словенија Ерјавец.

Извор : Министерство за надворешни работи