Ристовски го посети интернатот во рамки на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце

Заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски денеска беше во работна посета на интернатот кој функционира во рамки на основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце во општина Старо Нагоричане.

Преку проект на Министерството за образование, а на барање на надлежните од училиштетото и населението во интернатот завршено е реновирање на фасадата, на кујната, санитарните јазли, ходниците, со што значително се подобрени условите за престој на единаесетте ученици од основното училиште од поодалечените села од козјачијата кои во работната недела престојуваат во интернатот.

Заменик-министерот изрази задоволство од реализаниот проект и изјави дека станува збор за инвестиција со која се излегува во пресрет пред се на учениците.

Посочи дека станува збор за исклучително значајна инвестиција, пред се за учениците кои наставата ја следат во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ и тоа пред се за учениците кои се од другите населени места кои гравитираат околу населеното место Драгоманце, а немаат организиран превоз за да мора секојдневно да патуваат.

- Далеку се подобрени услвоите од она што го видов, од она претходно. При една наша посета овде ветивме реконструкција и негово реновирање соодветно на потребите од она што ни беше понудено како проект за санација од страна на директорката. Како Министерство тоа го прифатимвме и истиот е реализиран, рече Ристовски.

Тој го посети и основното училиште и им честиташе на директорката и на колективот за начинот, пристапот и одговорноста, за грижата за тоа централно училиште бидејки станува збор за постар објект.

- Како Министерство и во идинина ќе продолжиме се што е иницијатива на ова училиште и за потребите на учениците во ова училиште и овој интернат да ги поддржуваме, додаде Ристовски.

Директорката на училиштето, Стојка Спасовска изрази благодарност до Министерството за реновирањето на интерантот, со кое, како што рече, се подобриле условите за работа и престој на учениците.

- Вкупната бројка на ученици во основното училиште е 77, додека во интернатот престојуваа 11 ученика, рече Спасовска.

Наставничката во интернатот, Катица Јовановска,објасни дека сега се значително подобрени условите и дека учениците постојано се згрижени, имаат оброци и ги извршуваат обврските.