Хазби Лика, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем

Хазби Лика е заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.

Во својата кариера како политичар бил пратеник (2002-2003 и 2014-2016), заменик-министер за Внатрешни работи (2003-2005) и Градоначалник на општина Тетово (2005-2009).

Основно училиште завршил во родното место. Средното образование го започнал во техничкото средно училиште во Тетово, а го завршил во Качаник. Од почетокот на неговото образование бил иницијатор и организатор на различни движења кои овозможиле настава на албански јазик. Поради тоа, уште од најмлада возраст бил затворен и малтретиран од страна на комунистичкиот режим во тоа време. По неговото ослободување од затвор, тој го продолжува и завршува образованието во Качаник.

Со високо образование се стекнал на Универзитетот на Тирана (1998), на Факултетот за историја и филологија/Албански јазик и книжевност.

Г-дин. Хазби Лика е познат по учеството и организирањето на политичките и воени движења за правата на Албанците во Македонија и за независноста на Република Косово.

Веднаш по дипломирањето во 1998 година, со почетокот на војната во Косово, станува еден од првите кој одговара на повикот за слобода, како војник на Ослободителната војска на Косово.

Препознавајќи ја потребата за унапредување на правата на Албанците во Македонија во 2001 година, заедно со г-дин. Али Ахмети и други истакнати активисти, ја создадоа Ослободителната Национална Армија. Во тој период бил познат како Командант Чела.
Подобрувањето на статусот на Албанците во Македонија и Охридскиот рамковен договор, се резултати на оваа војна.

Г-дин. Хазби Лика како важна фигура на албанската политика во Македонија, е меѓу првите кој го започнал спроведувањето на Охридскиот Рамковен договор. Во 2002 година по завршувањето на конфликтот во Македонија, тој се појавува како основач и важна политичка сила во Демократската унија за интеграција.

Во периодот од 2002-2005, е избран за претседател на огранокот за тетовскиот регион, а во периодот од 2005-2009 за претседател на огранокот за градот Тетово. Од создавањето на Демократската унија за интеграција, е член на Централниот одбор, а од периодот меѓу 2009-2015 ја врши функцијата на организационен секретар.

На 30.05.2017, е избран за Заменик на претседател на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковен договор и политички систем.

Г-дин. Хазби Лика е роден на 19 април 1972 година во Тетово.