Никола Димитров, Министер за надворешни работи

Никола Димитров е министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија. 

Никола Димитров на функцијата Министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, доаѓа од позицијата надворешен експерт при Меѓународниот центар за правна соработка, Хаг, Кралство Холандија.

Од 2014 до 2017 година е истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда, а од 2011 година е член на Постојаниот суд за арбитража во Хаг.

Од 2009 до 2014 година е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Хаг, Кралство Холандија, и постојан претставник на Република Македонија при Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Од 2008 до 2011 година е Ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година), од 2007 до 2008 бил специјален пратеник на Владата на Република Македонија за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија.

Во периодот од 2006 до 2009 е Национален координатор за интеграција на Република Македонија во НАТО. Министерот Димитров од 2003 до 2008 година беше специјален пратеник на Република Македонија во разговорите за надминување на разликата околу името со Република Грција, под покровителство на Обединетите Нации, а од 2001 до 2006 година вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, САД.

Од 2000 до 2001 година бил советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија. Во 2000 година бил заменик министер за надворешни работи на Република Македонија, а од 1996 до 2000 година соработник во Одделение за човекови права во Директоратот за мултилатерални односи при Министерство за надворешни работи на Република Македонија.

Никола Димитров е докторант при Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филизофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј”. Во 1998 година станал магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство.

Во 1996 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде бил избран за студент на генерацијата и е добитник на наградата „26 јули” на Фондација „Франк Манинг“.

Од 2016 година е член на Советодавниот одбор, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, а од 2015 година е член на Балканот во Европа, Советодавна група за политики, на Европскиот фонд за Балканот и на Центарот за ЈИЕ студии при Универзитетот во Грац. Бил член на Управниот одбор на Фондацијата за интегрирано образование во Скопје.

Во 2012 година добил сертификат за професионална обука „Џон Ф. Кенеди“ на Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард во рамките на програмата „Лидери во ЈИЕ“. Од 1999 година има напишано многубројни публикации, анализи и колумни во домашни и меѓународни медиуми.

Од 1996 до 2001 година е демонстратор по Меѓународно право и по Меѓународно право за човекови права на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.

Од 1993 до 1994 година е секретар за образование во Сојузот на студенти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.