Генералниот секретар на Владата на РМ и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар: Имплементацијата на реформите од „План 3-6-9“ кои ќе ги одблокираат евроинтеграциските процеси

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Семуел Жбогар.

На средбата беше дискутиран напредокот во сите точки од „Планот 3-6-9“ за кои е надлежен Генералниот секретаријат со кој раководи Рашковски.

Во дискусијата се разговараше за суштинска промена на политичките практики кои ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста на владата, ќе ја приближат нејзината работа кон граѓаните и ќе го зголемат нивното учество во донесувањето на владините одлуки.

Генералниот секретар Рашковски уште еднаш ги потврди заложбите на Владата на Република Македонија за целосна имплементација на реформските приоритети од „План 3-6-9“ кои ќе ги одблокираат евроинтеграциските процеси за да може земјата да зачекори кон полноправно членство во ЕУ и НАТО со што ќе се создадат услови за квалитетен животен стандард за сите граѓани.