Премиерот Заев денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Генералното собрание на ОН и ќе оствари повеќе средби со светски лидери

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ќе присуствува на отворањето на Генералната дебата на Генералното Собрание на Обединетите нации, кое оваа година се одржува по 72 пат.


Премиерот Заев и членовите на владината делегација ќе бидат гости на многубројни свечености по повод отворањето на годинешната сесија на генералната асамблеа на ОН, и ќе остварат повеќе работни и протоколарни средби со шефови на држави и влади, како и со шефовите на дипломатиите на повеќе семји.


Претседателот на Владата на РМ, Заев, ќе оствари билатерална средба со премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, ќе присуствува на прием во организација н претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со првиот потпретседател на Европска комисија, Франс Тимерманс и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и ќе оствари средба со нив.


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Њујорк ќе присуствува и на приемот на која домаќин е претседателот на САД, Доналд Трамп.


Премиерот Заев ќе има свое излагање на сесијата „Отвореното владино партнерство“, а ќе учествува и на тематските панели “Глобален договор за животна средина” и “Реформи во Советот за човекови права“, со кои претседаваат претседателот на Франција, Емануел Макрон, потпретседателот на САД, Мајкл Пенс, министерот за надворешни работи на Обединетото кралство Борис Џонсон и министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Коендерс.