Средба на премиерот Заев со холандскиот премиер Руте: Поддршка од Холандија за реформскиот процес што го почна новата Влада и за евро-атлантските интеграции на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со премиерот на Кралството Холандија, Марк Руте.


“Даваме целосна поддршка на реформскиот процес што го почна новата Влада на Република Македонија. Исто така, ги поздравуваме чекорите што ги презема државата кон градење добрососедски односи и регионална соработка“ рече холандскиот премиер, Руте.


Премиерот Руте рече дека Холандија останува силен поддржувач на Република Македонија во заложбите на нашата држава за постигнување на стратешките цели, Европската унија и НАТО.


Премиерот Заев објасни дека новата Влада е сконцентрирана на активен реформски процеш што треба да донесе квалитетен живот на граѓаните и да ги отвори перспективите на државата кон ЕУ и НАТО, таму каде што земјата припаѓа.


-Очекуваме, на есен да се тргне условеноста на препораката за членство на Македонија во ЕУ, а следен чекор да биде и датум за почеток на преговори. Рефоримите што ги спроведуваме, начините на коишто ги продлабочуваме добрососедските односи и градиме нови, цврсти пријателства со светот, придонесуваат и кон НАТО интеграциите и сметаме дека се реални начите очекувања Република Македонија да биде и 30.земја членка на НАТО, рече премиерот Заев на средбата со холанскиот премиер Руте.