Средба на премиерот Заев со претседателот на Генералното Собрание на ОН Мирослав Лајчак

Во рамки на активностите на 72 Генерално Собрание на ОН во Њујорк, премиерот Заев оствари средба со претседателот на Генералното Собрание на ОН и голем пријател на Македонија Мирослав Лајчак.


На средбата се дискутираше за ситуацијата на Западен Балкан но и за промените кои се подготвуваат во ОН.


Премиерот Заев изрази целосна поддршка на приоритетите предвидени за мандатот на претседателот на ГС на ОН, Лајчак и заедно ги истакнаа мултилатерализмот и превентивната дипломатија како најдобри методи за решавање на разликите меѓу државите и народите.

 

 

 

 

Категорија: