Премиерот Заев и премиерот Борисов во посета на Водочкиот манастир во Струмица

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев го пречека Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Водочкиот манастир, во присуство на Митрополитот Струмички Наум.

На посетата премиерот Заев доби орден, Столен медал од прв ред, од редот на Светиот Македонски Крст, за особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

После средбата со Митрополитот Струмички, Наум, а пред меѓу владината седница, претседателите на двете влади на Република Македонија и Република Бугарија се упатија кон споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски да оддадат почит со свечено положување свежо цвеќе.