Премиерот Заев за Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на ЕБОР во Лондон: Одлична можност за разговор за развојот на инфраструктурното, енергетското поврзување, како основа за привлекување на инвестициите, за подобрување на стандардот

Беше навистина прекрасна можност на овој Инвестициски Форум, организиран од европската банка за обнова и развој. Сите премиери, во присуство на многу бизнисмени, преку 200 компании кои што се овде присутни, да развиеме една идеја, која што би била фокусирана и поврзана со иднината на нашето приклучување кон Европската унија (ЕУ). Мислам на нашето, на Македонија и на целиот регион од Западен Балкан. Се работи на развојот на сето она што значи инфраструктурно поврзување помеѓу сите земји. Но и на самите земји од Западен Балкан со ЕУ и со земјите членки.

Зборувавме за коридорите, пред се, за Коридорот 8 и Коридорот 10, но и другите коридори кои поминуваат низ другите земји.

Се работи за сериозни финансиски средства, проценката на Коридорот 8 е само, две милијарди евра, на делот на Македонија, на делот на Бугарија и на делот на Албанија.

Се зборува за железничкото поврзување, патното поврзување , но и со можност да се пуштат и оптички кабли заради дигиталната агенда и поврзаноста на регионот.

Зборувавме за проекти кои значат поддршка на енергетиката и производството на енергетиката, енергетското поврзување, но и секако поддршката на компаниите кои треба да инвестираат во целиот овој наш регион.

Сето ова на крајот треба да го подигне стандардот на нашите граѓани, затоа што и целта на приближувањето кон ЕУ и полноправното членство, е повисок стандард на граѓаните, односно барем приближно ист или сличен економски стандард ако граѓаните со Западна Европа. Тоа значи, дека без инфраструктура, нема инвестиции.

Инвестициите можат да дојдат паралелно, заедно со инфраструктурата, иако тие ги има, сепак мора да ги има уште повеќе, да растеме со поголем интензитет, порастот на нашиот Бруто домашен производ (БДП) мора да биде над 4 проценти, за да можат буквално, тоа да го почувствуваат и граѓаните на Македонија и во целиот регион.

Јас сум убеден, дека ваквиот пристап, кој што Европската банка, како еден од најголемите финансиери на крупните инфраструктурни проекти во Македонија и во регионот го води, ќе даде свој резултат, заради тоа што при самата изведба на сите овие капитални проекти се ангажираат многу луѓе, се дава многу работа за домашните компании, кои што во суштина и при самата изградба го подигаат стандардот на граѓаните. А при привлекувањето на инвестициите, исто така, само дополнително тоа целото расте.

Денеска, на завршетокот на Панелот, беше презентирана и Платформата, каде што буквално сите инвеститори можат да ги добијат сите податоци на едно место, за сите земји, вкупно шесте земји од Западен Балкан, каде што ќе им помогне целото тоа, да ја направат крупната слика и за одлуките за нивни инвестирања, но и за одлуките каде да учествуваат на тендерите во делот на изградбата на таа голема инфраструктура.

Таму се значајни податоци, како што е и БДП-то на секоја земја, како што се вкупниот број на жители, потенцијалите на невработеност, за да може и во тие микро-региони да се инвестира, да се намали процентот на невработеноста. Се работи за еден комплексен пакет, кој што треба да овозможи граѓаните и на Македонија и на целиот регион да почувствуваат благосостојба.