56-та седница на Владата на Република Македонија

На предлог на заменик претседателот на Владата за економски прашања, на денешната седница министрите ќе ја разгледаат информацијата за можноста за понатамошно вклучување на Република Македонија во Регионална иницијатива - Програма за развој на зелени градови.

Министрите на седницата исто така ќе ја разгледаат и информацијата со предлог – решение за нормално функционирање на ИПАРД структурата и соодветно искористување на средствата од Европската Унија.

На дневен ред на денешната седница се и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија, како и предлог – законот за изменување и дополнување на законот за судовите.

Владата на 56-тата седница, на предлог на министерството за труд и социјална политика, ќе го разгледа оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018-та година.

Пред министрите исто така ќе се најде и информацијата за реформите на средното стручно образование, конкретно за техничкото образование.

 


 

Предлог-дневниот ред е достапен на следниот линк: http://vlada.mk/sednica/56.

Календар Влада: 
Вторник, Февруари 27, 2018 - 12:00 to Среда, Февруари 28, 2018 - 14:45