Прес-конференција на премиерот Заев, МЗШВ Николовски и претставници на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна

Петок (30.03.2018) ќе се одржи конститутивната седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна. 

 

Во 12:15 часот во Медиа центарот на Владата на Република Македонија изјави за медиуми ќе дадат Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставници на земјоделците, Тодор Мушев, претседател на Национално здружение на одгледувачи на овци и Меџит Амити, претседател на здружение на одгледувачи на овци од Западниот регион.

Календар Влада: 
Петок, Март 30, 2018 - 12:15 to 13:15