Премиерот Заев на свечената церемонија по повод пуштањето на делницата Демир Капија - Смоквица на автопатот „Пријателство“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе учествува на свечената церемонија по повод пуштањето на делницата Демир Капија - Смоквица на автопатот „Пријателство“.

Настанот ќе се одржи утре, понеделник, на 23.04.2018 година со почеток во 12:00 часот не самата делница Д.Капија - Смоквица.

На свечената церемонија на пуштањето на делницата Демир Капија - Смоквица ќе учествуваат претставници на Директоратот за проширување на Европската Унија, највисоките претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, членови на Владата на Република Македонија, претставници на локалните самоуправи низ кои поминува автопатот „Пријателство“ од Коридорот 10 во Република Македонија, претставник на централната власт на Република Грција, и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.

Календар Влада: 
Понеделник, Април 23, 2018 - 12:00 to Вторник, Април 24, 2018 - 12:45