Министерките Апостолска и Царовска ќе учествуваат на панел-дискусија на тема „Состојбата наспроти можностите за постигнување на родова еднаквост”

Утре (04.06.2018) во 12:30 часот, во Хотел Мериот-Скопје, министереката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе учествуваат на панел на тема „Состојбата наспроти можностите за постигнување на родова еднаквост”, кој ќе се одржи во рамки на Втората меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018“.  Модератор на панелот ќе биде Петер Стефан, претсетадел на Управниот одбор на ЕВН-Македонија.

Конференцијата и панелот се во организација на Инженерската институција на Македонија и ЕВН-Македонија.

Календар Влада: 
Понеделник, Јуни 4, 2018 - 12:30 to Вторник, Јуни 5, 2018 - 14:45