Учество на Премиерот Зоран Заев и владина делегација на Седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1) во Софија, Р. Бугарија

Во текот на утрешниот ден (07.07.2018) премиерот Зоран Заев ќе предводи владина делегација во состав, вице-премиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за економија, Крешник Бектеши која ќе учествува на Седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1) којшто се одржува во Националниот дворец на културата во Софија, Република Бугарија.
 
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владината делегација ќе присуствуваат на свеченото отворање на Бизнис Форумот, а потоа премиерот Заев ќе има свое обраќање во рамки на пленарната сесија на шефови на влади.
 
Во 12:30 часот Премиерот Заев ќе даде изјава за медиумите.
 
Во рамки на одржувањето на Седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа премиерот Заев и владината делегација ќе остварат официјална средба со кинеската владина делегација предводена од Премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг.
 

Календар Влада: 
E shtunë, Korrik 7, 2018 - 09:30 to E diel, Korrik 8, 2018 - 18:45