Соопштение за неработен ден (8 Септември - Ден на независноста)

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2018 година (сабота), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на независноста на граѓаните во Република Македонија.