Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора

Фејсбук страна: www.facebook.com/ediademi.mk
Твитер профил: www.twitter.com/ademie
Инстаграм профил: www.instagram.com/ademie

 

Листа на вработени во кабинетот на министерот Едмонд Адеми
Јана Велковска - Шеф на Кабинет

е-маил: jana.velkovska@gs.gov.mk
тел: +389 2 3133 252

Марио Михајлов - Советник за економски и финансиски прашања на Министерот задолжен за дијаспора е-маил: mario.mihajlov@gs.gov.mk
тел: +389 2 3133 252
Флорида Реџепи - Советник на Министерот задолжен за дијаспора е-маил: florida.rexhepi@gs.gov.mk
тел: +389 2 3133 252
Александра Порчу-Фрчкоска - Технички секретар е-маил: aleksandra.frckoska@gs.gov.mk
тел: +389 2 3133 252

 

Биографија на Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора

 

Едмонд Адеми е Министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора.

Роден на 29 јуни 1975 година во Тетово.

Дипломирал на  Универзитет Св. Кирил и Методи – Филозофски факултет – Институт за Социoлогија -  Скопје.

На 31 мај 2017 година е избран за Министер без ресор во Владата на Република Македонија. На првата седница на Влада, на 05 јуни 2017 од страна на Премиерот на Република Македонија е задолжен како Министер за односи со дијаспора.

Од март до јуни 2016 година, во време на големиот мигрантски бран е именуван за специјален советник на Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски,  со задача за координација на активностите на Министество со меѓународната заедница за справување со мигрантската криза.

Од 2011 до 2015 година е Извршен директор на Институтот за политички и економски истражувања “Либерта“ – Скопје.

Од март 2009 до јануари 2011 година работи како надворешен специјалист за политичка комуникација за Американската консултатнска куќа Пен, Шоен, Берланд  од Вашингтон. 

Од септември 2006 – март 2009 работи во Амбасадата на САД во Скопје, прво како специјалист за медиуми и јавна дипломатија, а подоцна и како Асистент на двајца Амбасадори на САД во Македонија, Џилијан А. Миловановиќ, и Филип Рикер.  

Од октомври 2005 до август 2006, работи како политички советник на Министерот за Одбрана на Република Македонија.

Од јуни 2002 до октомври 2005 работи во Европската Агенција за Реконструкција, прво како помошник Портпарол на Агенцијата, а подоцна и како Портпарол на Агенцијата.

Работниот ангажман истотака ги вклучува и ОБСЕ, Националниот Демократски Институт (НДИ) во периодот 2000-2002 година.

Автор е на неколку публикации : 

„Импотентен парламент - како да го подобриме?", објавен во јануари 2012 година.

„Евроскептицизмот во Македонија - реална закана или блеф", објавен во септември 2012.

„Млади и социјална интеграција во постконфликтни општества", објавен во 2002.

Добитник е на неколку  признанија и награди, како „Амбасадор на знаење“, награда доделена од страна на Академијата за доживотното учење, и словенечкото Министерство за економски развој и технологија на Република Словенија, во јуни 2016, како и престижната награда на Америчкиот Стејт департмент – „Франклин Авард“ за исклучителен придонес во креирање и подобрување на поефикасни системи на работа во рамките на Амбасадата на САД во Република Македонија. 


Edmond Ademi - Minister without portfolio in the Government of the Republic of Macedonia in charge of Diaspora Affairs

Born on June 29, 1975 in Tetovo.

Edmond Ademi graduated at the University of St. Cyril and Methodius - Faculty of Philosophy - Institute for Sociology - Skopje.

On 31 May 2017, Ademi was appointed Minister without Portfolio in the Government of the Republic of Macedonia. At the first session of the Government, on June 5, 2017, the Prime Minister of the Republic of Macedonia appointed Ademi Minister for Diaspora Relations.

From March to June 2016, in the time of the great migrant wave, he was appointed Special Adviser to the Minister of Internal Affairs, Oliver Spasovski, with the task of coordinating the activities of the Ministry with the international community for dealing with the migrant crisis.

From 2011 to 2015, Ademi held the position of Executive Director of the Institute for Political and Economic Research "Liberta" - Skopje.

From March 2009 to January 2011 - external Political Communication Specialist for the American consulting company Pen, Shoen, Berland from Washington.

From September 2006 to March 2009 - US Embassy in Skopje, serving as a Specialist in Media and Public Diplomacy, and as a Personal Assistant of two US Ambassadors to Macedonia, Gillian A. Milovanovic, and Philip Reeker.

From October 2005 to August 2006 - political Advisor to the Minister of Defense of the Republic of Macedonia.

From June 2002 to October 2005 - European Union/European Agency for Reconstruction in Skopje, initially as deputy spokesperson, and later as a spokesperson for the Agency.

Ademi’s working engagement also includes the OSCE, the National Democratic Institute (NDI) in the period 2000-2002.

Edmond Ademi is author of several publications:

"Impotent Parliament - How to Improve It?” Published in January 2012.

"Euroscepticism in Macedonia - a Real Threat or Bluff", published in September 2012.

"Youth and Social Integration in Post-Conflict Societies", published in 2002.

He has received several awards and prizes, such as "Ambassador of Knowledge", a prize awarded by the Academy for Lifelong Learning, and the Slovenian Ministry of Economic Development and Technology of the Republic of Slovenia in June 2016, as well as, the prestigious American State Department Award - "Franklin Award" for exceptional contribution to the creation and improvement of more efficient working systems.