Груевски: Ќе направиме се што е во наша моќ да дојдеме до дијалог со Грција

Ќе направиме се што е во наша моќ да дојдеме до дијалог. Нашата борба е прво за дијалог па за решение, бидејќи за да се дојде до решение потребен е дијалог, а за дијалог гледате што се случува од другата страна.

Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Герантолошкиот завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров.

Тој не сакаше да го коментира одговорот на писмото на грчкиот премиер Андонис Самарас, но истакна дека Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ да се дојде до дијалог со Грција во разговорите за името.

- Мислам дека е подобро да не го коментирам од причина што, што и да кажам ние пак ќе бидеме виновни. Јавноста нека суди. Секој мој коментар може да биде повод за нови обвинувања и вадења од контекст. Гледам сега дека медиумите им се криви. Што и да кажам ќе биде протолкувано дека сме ние некакви националисти, немаме добри намери, немаме добра волја, така што би се воздржал од било каков коментар, изјави премиерот Никола Груевски

 

Категорија: