Груевски:Со законски измени до правична поделба на студентските легла

Со измените во Законот за студентски стандард се отвора нова страница во делот на правичната поделба на студенстските легла во студентските домови.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по официјалното означување на почетокот на работите за изградба на патот за населбата Сончев Град во општина Сопиште.

- Главната цел на измените кои се донесени пред неколку месеци е да се стави ред и правичност во издавањето на легла и соби на студентите, како за оние што имаат најдобар успех, така и за оние кои доаѓаат од најзагрозени семејства, рече премиерот Груевски.

Тој посочи дека 40 отсто од слободните места ќе бидат наменети за најранливите категории студенти, а ќе има и квота за најдобрите студенти.

- Просветниот инспекторат  двапати годишно ќе врши контрола за да види дали соодветно се спроведува Законот во делот на поделба на студентските легла. Доколку не се спроведува веднаш ќе изрекува казни за менаџементот на студентските домови и ќе ја информира Владата за да знае дека директорите го прекршиле  Законот и да покрене други постапки, појасни Груевски.

Доколку директорите направат каква било  остапка, нагласи, ќе им следуваат ригорозни парични и кривични казни.

Категорија: