Крешник Бектеши, Министер за економија

Крешник Бектеши, магистерот по менаџмент и стратегија, е министер за економија во Владата на Репубика Македонија.

Официјална е-маил адреса на министерот cabinet@economy.gov.mk

 

Во 2008 година дипломира на Колеџот за менаџмент со развој за применети науки и технологијa (менаџмент и бизнис администрација) на Институтот за технологија во Рочестер, а во 2009 година се стекнува титулата Магистер по менаџмент и стратегија (логистика и управување со снабдувачки синџири) на Универзитетот Шефилд.

Бектеши уште како студент, зема учество во тимовите на проектите во рамките на универзитетот, кои биле користени како консултантски проекти за многу институции и организации.

Од 2011 до 2016 година работи како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во Брисел (Белгија), на промовирање на бизнис климата на Македонија и на привлекување на странски директни инвестиции од Белгија.

Во рамките на работната позиција учествува и во помагање на компаниите од  Белгија и Македонија во остварување на заедничка деловна соработка, како и во истражување на пазарот на Белгија, и  организирање на B2B и B2G состаноци, бизнис форуми, семинари.

Од 1 јули 2016 до 31 декември истата година, како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, работи како промотор на бизнисот на Република Македонија во Берн, Швајцарија, и е задолжен за соработката со Стопанската комора на Швајцарија.


Kreshnik Bekteshi - Minister of Economy in the Government of the Republic of Macedonia

Kreshnik Bekteshi, MSc in Management and Strategy, graduated from the College of Applied Science and Technology (Management and Business Administration) at the Rochester Institute of Technology in 2008, and in 2009 he obtained the title Master of Management and Strategy (Logistics and Supply Chain Management) at the Sheffield University.

As a student, he took part in the University project teams, which were further used as consulting projects for many institutions and organizations.

In the period 2011 to 2016 Bekteshi was Head of the International Office of the Agency for Foreign Direct Investment and Export Promotion of the Republic of Macedonia in Brussels (Belgium) for promoting the business climate of Macedonia and attracting foreign direct investments from Belgium.

As part of his working position, he facilitated Belgium and Macedonian companies in pursuing joint business cooperation, along with searching the market of Belgium, and organizing B2B and B2G meetings, business forums, seminars.

In the period 1 July-31 December 2016, as Head of International Office of the Agency for Foreign Direct Investment and Export Promotion of the Republic of Macedonia, Bekteshi served as a promoter of the business of the Republic of Macedonia in Bern, Switzerland, in charge of cooperation with the Chamber of Commerce of Switzerland.