Ставрески:Македонија со висок континуиран раст во индустријата

Високиот раст на индустриското производство што го објави Државниот завод за статистика, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески се должи на добрата даночна политика и бизнис климата. Истакнува дека во Европа само Македонија и Ирска имаат висок и континуиран раст во индустријата.

- Македонската индустрија фати добар залет. Веќе 14 месеци има континуиран раст. Последниот податок за порастот од 7,5 проценти или вкупно за 10-те месеци пораст од над 5 проценти покажува дека имаме добри политики, изјави вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.

Тој додаде дека растот се должи и на компаниите што работат во слободните зони, но и на домашната индустрија, пред се на текстилната и металната  кои имаат солидно добар пораст.

Вицепремиерот очекува и во наредниот период да се одржат високите стапки на економски раст и во индустријата и во другите сектори.