Министерство за одбрана

Веб-страница: 
Е-пошта: 
kabinetMO@mod.gov.mk
Телефон: 
02 3282 042 / 02 3282 097
Адреса: 
„Орце Николов“ бр. 116, Скопје
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Јутуб канал: 

Министерството за одбрана ги врши работите што се однесуваат на:

  • остварувањето на системот на одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија;
  • планирањето, организацијата, опремувањето, развојот и подготвувањето на Армијата на Република Северна Македонија и спроведувањето на утврдените планови;
  • организирањето и подготвувањето за одбрана и за цивилна заштита;
  • организирањето и спроведување на обуката за одбрана;
  • организирањето и подготвувањето на набљудување и известување, врски за раководење и криптозаштита;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.

Согласно Законот за одбрана, член 20, Министерството за одбрана подготвува стратегија за одбрана, врши процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката, го организира и подготвува системот на одбраната и предлага мерки за негов развој и усовршување.