Home
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
Почетна
English English
*********************************************
  • Насловна
  • Влада
  • Односи со јавност
    • Новости
    • Соопштенија
    • Прес
    • Говори
    • Интервјуа
  • Документи
АНКЕТА





Новости

Поставен камен-темелник за тениски терени во село Шишево

Скопје, 7 септември


Со поставувањето на камен-темелник денеска во село Шишево, општина Сарај, почнаа активностите за изградба и уредување на два тениски терена, дел од владиниот проект „За изградба на сто тениски игралишта во државата“.

  • Повеќе
Министерството за земјоделство ги спроведе ЕУ препораките од ланскиот Извештај за состојбите во аграрот

Скопје, 7 септември


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатиот период реализира најголем дел од мерките за прилагодување на македонската аграрна легислатива со европската. Од вкупно изготвените шест законски решенија согласно ЕУ препораките, донесени се три, за рибарство и аквакултура, за земјоделство и рурален развој и за вино, во собраниска процедура се две, за квалитет на земјоделски производи и за безбедност на храна на животни, а едно, за безбедност на храна, е на разгледување во Владата.

  • Повеќе
Пуштен во употреба реконструираниот локален пат од Визбегово до Качанички пат

Скопје, 4 септември


Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот локален пат од село Визбегово до Качанички пат во должина од 1,6 километри со ширење на коловоз од 4,5 метри.

  • Повеќе
Наумовски: Има значително подобрување во областа на животната средина во споредба со минатата година

Скопје, 2 септември


Во областа на животна средина има значително подобрување во споредба со минатата година, воспоставени се повеќе тела кои се занимаваат со оваа проблематика, поставени се општински системи за управување со отпад и донесени се закони и потзаконските акти, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Васко Наумовски по денешната средба со министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.

  • Повеќе
Средба на вицепремиерот Наумовски со португалскиот државен секретар Лутрие

Скопје, 31 август


Билатералната соработка, оценета како доста добра без отворени прашања, за потенцијалот за подигнување на нивото на економската соработка, евроатлантските интеграции на Македонија, прашањето за името, и интензивирање на размената на искуства за подобрување на ефикасноста на администрацијата.

  • Повеќе
Македонија и Бугарија потпишаа Меморандум за прекугранична соработка

Скопје, 31 август


Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој Росен Плевнелиев денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање за реализација на Програмата за прекугранична соработка чии приоритети се економски развој, социјално зближување и подобрување на квалитетот на живот.

  • Повеќе
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и Занаетчиската комора Кобленц

Скопје, 30 август


Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами во рамки на посетата на СР Германија, потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Занаетчиската комора Кобленц за совладување на невработеноста.

  • Повеќе
Министерот Бесими оствари средба со министерот за економија на Германија Рајнер Брудерле

Скопје, 30 август


Во рамки на официјалната посета на Занаетчиската комора Кобленц, министерот за економија Фатмир Бесими денеска се сретна со својот германски колега Рајнер Брудерле.

  • Повеќе
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за економија и Занаетчиската комора Кобленц

Кобленц, 30 август


Министерот за економија Фатмир Бесими, во рамки на посетата на СР Германија, потпиша Меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за економија и Занаетчиската комора Кобленц, за поддршка на развојот и промоцијата на занаетчиството во Република Македонија.

  • Повеќе
Премиерот Груевски учествуваше на приемот што го организира австрискиот канцелар Фајман за лидерите на земјите од регионот

Салцбург, 28 август


Македонскиот премиер Никола Груевски синоќа во Салцбург присуствуваше на неформалниот прием што го организира австрискиот канцелар Вернер Фајман за лидерите од регионот.


На приемот присуствуваа и албанскиот премиер Сали Бериша, црногорскиот Мило Ѓукановиќ и високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валантин Инцко.

  • Повеќе
123456789…СледнаПоследна
Syndicate content