Министерство за образование и наука

Веб-страница: 
Е-пошта: 
contact@mon.gov.mk, cabinet@mon.gov.mk
Телефон: 
+389 2 3117 896
Адреса: 
„Св. Кирил и Методиј“ број 54, Скопје
Министер: 
Фејсбук страница: 

Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:

  • воспитанието и образованието од сите видови и степени;
  • организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
  • воспитанието и образованието на децата на нашите работници на привремена работа и престој во странство;
  • верификацијата на струките и профилите во образованието;
  • ученичкиот и студентскиот стандард;
  • технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
  • информациониот систем;
  • меѓународната научно-техничка соработка;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.