Бајрам Берат, Заменик Национален координатор за гранично управување

 

Телефон за контакт +389 02 3334 063
Електронски мејл [email protected]
Веб страна www.igu.gov.mk

 

Д-р Бајрам Берат е роден во 1957 година во Скопје. Основно, средно и високо образование завршува во родниот град. Како средношколец учествува на локални и сојузни работни акции на територија на поранешна СФРЈ. На медицинскиот факултет дипломира во 1982 година. По дипломирањето се вработува во Воената болница во Скопје. Како воен стипендист од ССНО заминува во Белград на Воено медицинската академија и ја завршува школата за резервни офицери на ЈНА. Во 1983 година се стекнува со офицерски чин и се упатува во Петтата воена област во Република Хрватска. Таму е именуван за Началник на санитетската служба во бригадата, а нешто подоцна и за Управник на гарнизонската амбуланта. Во 1985 година станува претседател на Нижо воената лекарска комисија. Во Воената болница во Загреб и на Воено медицинската академија во Белград завршува повеќе курсеви за здравствено згрижување во мирнодопски и воени услови. Во 1989 година започнува специјализација по епидемиологија во Воена болница во Љубљана.

Од 1997 до 1999 година е претседател на првата ромска политичка партија во Македонија – ПЦЕР. Бил член на Советот за меѓунационални односи во Собранието на Република Македонија. Од 1997 до 1999 година е Заменик командант на единицата за итни интервенции на Црвениот Крст во Општина Карпош.

Од 1999 до 2001 година е ангажиран во стручното оспособување на бегалците Роми од Косово при Работничкиот универзитет Кочо Рацин во Скопје. Од 2001 до 2002 година е советник на министерот за внатрешни работи на Република Македонија.

Од 2005 до 2006 година е советник за здравствени прашања во Интернационалната Организација за Миграции (ИОМ). Од 2006 година е претседател на политичката партија за интеграција на Ромите-ПИР. Бил член на Комисијата за меѓуетнички односи во два мандати на Град Скопје. Има учествувано на повеќе меѓународни конференции, семинари и обуки поврзани со човековите и малцинските права.

Од 2007 до 2010 година е виш полициски советник во Биро за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во 2010 година е именуван за Заменик национален координатор за гранично управување при Владата на Република Македонија. Поборник е за признавање и одбележување на 2-ри август како светски ден кога е извршен Холокаустот врз Ромите. Д-р Бајрам Берат има објавено повеќе колумни и анализи за надминување на тешката социо-економска состојба на Ромите во Република Македонија. Говори ромски, македонски и српско-хрватски јазик. Се служи со француски, англиски, бугарски и албански јазик.


Dr. Bajram Berat is Deputy National Coordinator of the National Coordinating Center for Border Management of the Government of the Republic of Macedonia.

Dr. Bajram Berat was born in 1957 in Skopje. He completed primary, secondary and higher education in his hometown. As a high school student, he participated in the local and federal youth working actions at the territory of the former SFRY. He graduated at the Medical School in 1982. After the graduation, he was employed at the Military Hospital in Skopje. As a military scholar from the SSNO, he transferred to Belgrade at the Military Medical Academy and finished the JNA Reserve Officers School. In 1983 he acquired an officer's rank and was sent to the Fifth Military District in the Republic of Croatia. There he was appointed as Head of the medical service in the brigade, and later on as Manager of the garrison ambulance. In 1985 he became president of the Military Medical Commission. At the Military Hospital in Zagreb and at the Military Medical Academy in Belgrade, he completed several health care courses in peacetime and war conditions. In 1989, he started a specialization in epidemiology at the Military Hospital in Ljubljana.

In the period 1997 to 1999 he was president of the first Roma political party in Macedonia - PCER. He was a member of the Council for Interethnic Relations in the Assembly of the Republic of Macedonia. From 1997 to 1999 he was Deputy Commander of the Emergency Intervention Unit of the Red Cross in the Municipality of Karposh.

In the period 1999 to 2001 he was engaged in the vocational training of Roma refugees from Kosovo at the Workers' University Kocho Racin in Skopje. From 2001 to 2002 he was an Advisor in the Cabinet of the Minister of Internal Affairs of the Republic of Macedonia.

From 2005 to 2006 he was an Advisor on health issues at the International Organization for Migration (IOM). Since 2006 Dr. Bajram Berat has been President of the political party for Integration of Roma-PIR. He was a member of the Commission for Interethnic Relations of the City of Skopje in two mandates. He has participated in a number of international conferences, seminars and trainings related to human and minority rights.

In the period 2007 to 2010 he had the position of a Senior Police Advisor at the Public Security Bureau of the Ministry of Internal Affairs. In 2010, Dr. Bajram Berat was appointed Deputy National Coordinator for Border Management of the Government of the Republic of Macedonia. He is an advocate for recognition and celebration of August 2nd as the Roma Genocide Remembrance Day (the day when the Holocaust on the Roma was carried out). Dr Bajram Berat has published several columns and analyzes for overcoming the difficult socio-economic situation of the Roma in the Republic of Macedonia.

Dr. Berat speaks Romany, Macedonian and Serbo-Croatian. He also uses French, English, Bulgarian and Albanian language.

Undefined