Борче Петревски, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Телефон  за контакт +389(0)2 3213-940, локал 278
Електронски мејл borce.petrevski@gs.gov.mk

 

Борче Петревски е роден на 24 август 1963 година во с.Нова Брезница, Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за безбедност во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Во 2010 година магистрирал на Факултетот за безбедност во Скопје, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, каде моментално е докторанд. Автор е на повеќе научни трудови од областа на безбедноста, криминалистиката и криминологијата, објавени во Годишници и научни списанија и има презентирано на научни конференции во Република Македонија и странство.

Од 1987 година бил работно ангажиран во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, и тоа: во Управата за безбедност и контраразузнавање (1987-2006), на повеќе работни позиции, меѓу кои и помошник директор за операции и координација, и во Бирото за јавна безбедност (2006-2017), во делот на криминалистичките работи.

На 04.08.2017 година, со Одлука на Владата на Република Македонија именуван е за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.


Borche Petrevski, National Coordinator for Countering Violent Extremism and Combating Terrorism

Borche Petrevski was born on 24 August 1963 in the village of Nova Breznica, Skopje. Graduated in 1987 at the Faculty of Security in Skopje, at the University "St. Cyril and Methodius” - Skopje. In 2010 he obtained his M.A. at the Faculty of Security in Skopje, at the University “St. Kliment Ohridski” - Bitola, where he is currently pursuing a Phd. Petrevski is author of several scientific papers in the field of security, criminalistics and criminology published in yearbooks and scientific journals, and has presented his work at scientific conferences in the country and abroad.

Since 1987, he has been working in the Ministry of Interior of the Republic of Macedonia in the Directorate for Security and Counter-Intelligence (1987-2006), in several positions, including Assistant Director for Operations and Coordination, and in the Public Security Bureau (2006-2017), in the field of Forensics.

On August 4, 2017, based on a Government Decision, Borche Petrevski was appointed as the National Coordinator for Countering Violent Extremism and Combating Terrorism.