Стево Пендаровски, Национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО

Телефон за контакт +389(0)2 3118-022, локал 166
Електронски мејл

[email protected]

 

Роден е на 3 април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.

Во изминатите 11 години бил професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што ги предавал предметите Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во Политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на САД, Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и Малите држави во светската политика.
Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството,

Од 2001 до 2004 година е Советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија. Од 2004 до 2005 година е Претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 година е Советник за надворешна политика на Претседателот на Република Македонија. Од 2016 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Мајчин јазик – македонски. Има одлично познавање на англискиот јазик.


Stevo Pendarovski is National Coordinator for preparation of the Republic of Macedonia for NATO membership.

He was born on 3 April 1963 in Skopje. He graduated in 1987 at the Faculty of Law 'Iustinianus Primus', University Ss. Cyril and Methodius, Skopje and obtained M.A. and Ph.D. from the Institute for Political, Legal and Sociological Research, University Ss. Cyril and Methodius, Skopje.

In the past 11 years he was a Professor at the UACS School of Political Science, lecturing the following subjects: International Security, International Relations, Introduction to Politics, Globalization, Geopolitics, US Foreign policy, EU Foreign and Security policy, Small States in World Affairs.

In the period 1998-2001 he was Head of Analytical and Research Department in the Ministry of Interior Affairs and ministry’s spokesperson.

From 2001 to 2004 he was National Security Advisor to the President of the Republic of Macedonia. From 2004 to 2005 he was President of the State Election Commission. In the period 2005 to 2009 he had position Chief Foreign Policy Advisor to the President of the Republic of Macedonia. From 2016 to 2017 he was Member of Parliament.

Macedonian language is his mother tongue and has excellent knowledge of English.

 

Undefined