Иницијативата „Отворен Балкан“ произлегува од Берлинскиот процес и на својот почеток беше именувана како Напредна регионална иницијатива за соработка или како „Мини Шенген“.
„Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите.
Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра.
„Отворен Балкан“ не е алтернатива на ЕУ. „Отворен Балкан“ значи побрзо и подготвено до ЕУ.
Сите останати земји од регионот имаат отворена, јавна, директна и недвосмислена покана да се придружат.
Повикуваме на придонес кон големата идеја Западен Балкан да стане „Отворен Балкан” кој носи конкретни придобивки за сите наши граѓани, да направиме да стане важен, реален дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар.
Ги потпишавме Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. Со овие договори им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан” со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.
Веќе се спроведува и Договорот за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната, со што нема повеќе чекање на граничните премини, односно ако стоката тргне од Саранда во Албанија и преку Северна Македонија треба да оди во Суботица во Србија, трите држави си ги признаваат лабораториските анализи, се врши усогласување на документите за стоката од животинско и растително потекло и нема веќе потреба од вообичаените чекања со часови по границите.
„Отворен Балкан” води кон бришење на границите како административни бариери и ги овозможува четирите европски слободи за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.
Следува, во туризмот, да се интензивира соработката меѓу агенциите за туризам од трите држави за да утврдат заедничка понуда кон светските пазари, што ќе го промовира „Отворен Балкан” како атрактивна дестинација.
Се развиваат идеи и проекти за регионален на вински туризам преку поуспешно преставување на светските саеми за вино и соработка за унапредување на индустријата, а веќе во мај 2022 ќе го имаме и првиот „Отворен Балкан” вински саем за поголема афирмација на виното од регионот.
Државите од „Отворен Балкан” работат и на основање заеднички филмски фонд на кој ќе аплицираат копродукции иницирани од трите земји.
Трите влади се обврзаа и дека ќе се интензивираат контактите, познанствата, размените и заедничките иницијативи меѓу младите од нашите држави преку организација на настани. Од заеднички летувања, преку спортски турнири и културни настани до научно-истражувачки хабови.
Заедничка прес-конференција на лидерите на „Отворен Балкан“
Потпишани договори кои произлегуваат од „Отворен Балкан“:
Memorandum of understanding on cooperation in the field of tourism in the Western Balkans (англиски)
Memorandum of understanding on the cooperation of the taxation administrations in Western Balkans (англиски)
Меморандум за разбирање за слободен пристап до пазарот на трудот (македонски)
Спогодба помеѓу владите на Северна Македонија и Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) (македонски | албански | англиски)
Agreement on conditions for free access to the labour market in the Western Balkans (англиски)
Agreement on interconnection of schemes for electronic identification of the citizens of the Western Balkans (англиски)
Agreement on cooperation in the field of veterinary, food and feed safety and phytosanitary in the Western Balkans (англиски)
Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија (англиски)