Архива

Јанакиески додели 60 решенија за легализација на дивоградби во Прилеп

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во општина Прилеп додели 60 решенија за легализација на бесправно израдени објекти.

Јанакиески: Од 10 октомври аплицирање за ЦЕМТ дозволи

Од 10 до 15 октомври со почеток од 24 часот ќе отпочне аплицирањето по електронски пат за распределба на годишните ЦЕМТ дозволи за 2015 година, истакна денеска на прес-конференција министерот затранспорт и врски Миле Јанакиески.

Јанакиески: По Скопје, гасификација и на останатите региони

Следната недела ќе биде објавен тендерот за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас за останатите два региона во Македонија. Претходно, беше објавен тендер за изградба и на скопскиот регион.

Јанакиески: Граѓаните и компаниите да ги достават геодетските елаборати за побрза легализација

Граѓаните и компаниите кои сакаат да ги легализираат бесправно изградените објекти, што поскоро да ги достават геодетските елаборати, апелира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Јанакиески: Поголем економски развој за источна Македонија со изградбата на патната инфраструктура

Побезбеден и помодерен сообраќај ќе овозможи реконструкцијата на патот Велес-Штип на делницата до Кадрифаково која е во должина од девет километри, а за чија изградба денеска се информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалниците на Велес, Штип и Лозово.

17th Days of Education and Career kick off

Seventeen local and thirteen foreign exhibitors are taking part in the 17th Days of Education and Career held at Skopje Fair on April 10-12. The event was opened by Daniela Gligorovska - Skopje Fair executive director - at a ceremony attended by the ministers of education and internal affairs, Spiro Ristovski and Gordana Jankuloska.

Јанакиески на одбележување на првата пруга: Со воз во Бугарија до 2022

Железничко поврзување со Бугарија до 2022 година и подобрување на комплетната инфраструктура во железницата, најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на одбележувањето на првата пруга од Солун до Велес и 141 година од Македонските железници. Честитајќи им го јубилејот на вработените во Железници, Јанакиески рече дека интенција на Владата е во 2022 година да стане реалност железничкото поврзување со Бугарија.

Јанакиески: На изградбата на автопатиштата работа за над 1000 лица

Почетокот на изградбата на двата автопата Скопје-Штип и Кичево-Охрид веќе ги дава првите резултати. Денеска е објавен оглас за вработување на еден од подизведувачите за над 650 лица, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Јанакиески: Обнова на уште 100 локални патишта

Во текот на оваа и наредната година ќе продолжи обновата на локалните патишта. Предвидена е реконструкција на повеќе од 100 патишта со должина од над 200 километри, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Целата програма за обнова на локалните патишта, нагласи Јанакиески, треба да заврши во 2015 година.

Јанакиески ги посети опожарените куќи во Бутел што се санираат со средства од Владата

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ја посети месноста „Циглана“ во Општина Бутел, каде што беа опожарени дваесетина куќи, што се градат повторно со поддршка од Министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политика и општината.
Владата, во соработка со општина Бутел, за обновата на куќите издвои околу 20 милиони денари.

Pages