Архива

На Институтот за судска медицина отворена лабораторија со најсовремена опрема за скрининг на психоактивни супстанци

Лабораторија со најсовремена опрема за скрининг на психоактивни супстанци беше отворена денеска на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје. На отворањето присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министрите за образование и наука и за здравство, Панче Кралев и Никола Тодоров.
Министерот Кралев во изјава за медиумите рече дека вкупната вредност на лабораторијата е над осум милиони денари и оти со нејзиното отворање продолжува понатаму проектот за опремување лаборатории во Македонија.

Груевски: Илинден е датум кога Македонија слави за успехот и за храброста

Македонски народе ние не сме дрво без корен, нашата борба за слобода и напредок е заснована на историски континуитет на преплетување на идејните вредности на двата Илиндена, на избликот на националниот креативен потенцијал, на пркосот на духот желен за слобода, на храброста запечатена со победа. Тоа го порача премиерот Никола Груевски денеска на прославата во Меморијалниот центар „Пелинце“, по повод државниот празник Илинден и 67-годишнината од одржувањето на заседанието на АСНОМ.

Поставен камен темелник за изградба на автоматизирана катна гаража во центарот на Скопје

Автоматизирана катна гаража „Мал ринг“, која треба да обезбеди 280 паркинг места, почна да се гради денеска до објектот на АД МЕПСО во центарот на Скопје, со вкупна површина од 8.222 метри квадратни и висина од 29 метри.
Во изградбата на гражата, чиј камен темелник го постави денеска премиерот Никола Груевски, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ќе инвестира 5,8 милиони евра.

Камен-темелник за изградба на училишна спортска сала во Петровец

Во ОУ „Кочо Рацин“ во село Петровец попладнево почна изградба на училишна спортска сала во која по девет месеци ќе спортуваат 800-те ученици и ќе се рекреираат жителите од општината Петровец. Камен-темелникот го постави премиерот Никола Груевски, заедно со министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски.

Pages