Роберт Алаѓозовски, Министер за култура

Роберт Алаѓозовски е Министер за култура во Владата на Република Македонија.

Основач и главен уредник во издавачката куќа Готен.

Претседател и проектен директор во Здружението на граѓани Есперанца светски културен центар.

Се занимава со менаџирање на интердисциплинарни проекти од областа на културата (Критичка култура, интеркултурна  соработка, глобална мобилност).

1973. роден, Струмица. Оженет. Татко на две деца. Член на Друштвото на независни писатели на Македонија.

Образование:

1992. Матурирал во гимназијата “Јосип Броз Тито” во Скопје, културолошка насока, со одличен успех.

1997. Дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, со просек 9.03. Одбранил дипломска работа на тема: “Романот ‘Ние’ од Евгениј Замјатин во контекст на Негативната утопија”.

2002. Одбранил магистерска тема со наслов “Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза” на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.

2006. Европска диплома по културен проектен менаџмент во организација на фондацијата Марсел Хиктер од Брисел.

2011. Во подготовка е на докторска теза од областа на културниот менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.

2005 - 2014 Бил  претседател на Европската мрежа на менаџери во културата Оракл со седиште во Брисел.

Од 2008 е член на педагошкиот тим на Европската диплома по културен проектен менаџмент со седиште во Брисел. 

Бил член на уредувачкиот одбор на слисанието Сараевски тетратки.

Од 2002 до 2007  бил проектен координатор во независниот културен центар Точка на ЗГ Контрапункт.

Работел како уредник во издавачките куќи, Темплум и Магор. Има објавено преку 200 критики, рецензии, статии, научни текстови во разни списанија во земјата и регионот. Соработувал на културни проекти и манифестации со многу институции и здруженија на граѓани.

Објавени книги:

2002. Во издание на културната установа Блесок, му излегува првата книга уметнички и неуметнички текстови, Флорилегиј во електронски формат, двојазично, на македонски и англиски, њњњ.е-книги.цом.мк.

2003. Во издание на издавачката куќа Магор, му излегува научната студија Обвинети за постмодернизам: теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза.

2006. Во издание на Темплум му излегува збирката филмолошки студии и есеи Крупен кадар.

2010. Во издание на Готен му излегува првиот роман Готен.

2011. Во издание на Готен му излегува второто издание на романот Готен, вазалско издание.

2012. Во издание на Готен му излегува вториот дел од романот Готен.

Награди:

2013. Награда „Прозни Мајстори“ на Издавачка куќа Феникс и Фондација Македонија Презент