Министерство за финансии

 

Министерството за финансии ги врши работите што се однесуваат на:

  • системот на финансирање;
  • трезорскиот систем;
  • царинскиот систем;
  • даночниот систем и даночната политика;
  • системот на девизното работење;
  • системот на банките и штедилниците и други финансиски институции;
  • системот на сметководството, ревизијата и платниот промет;
  • заемите и кредитите;
  • макроекономската политика и политиката за развој на националната економија;
  • подготвувањето проекција на платниот биланс;
  • подготвувањето и следењето на макроекономските биланси;
  • осигурувањето на имот и лица;
  • игрите на среќа;
  • изготвувањето и извршувањето на Буџетот на Република Македонија и на завршната сметка на Буџетот на Република Македонија;
  • сопственоста и други имотно-правни односи;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.

Министер: Драган Тевдовски


Адреса: „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје;
Tел: 02/3117-288, факс: 02/3117-280

Website: www.finance.gov.mk

Facebook: www.facebook.com/MinistryOfFinanceRM/
YouTube: www.youtube.com/channel/UC6F6kmjLW2JrNu14sOzEIbQ/