• Планот ист и по Чикаго - сакаме членство - тоа е заслужено

    Интервју со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски за Гласот на Америка на македонски јазик.

  • Средба Панета-Бесими во Пентагон

    САД благодарни за придонесот во коалиционите сили, со нетрпение го очекуваат приемот на Македонија во НАТО. Министерот Бесими веднаш по средбата даде интервју за Гласот на Америка на македонски.

  • Ивановски - Нема да има отпуштања во администрацијата

    Административиците нема да бидат избркани од работа, дури и да се суфицит во некоја институција, вели министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

  • Изградбата на Коридорот 8 може да почне во 2014 година

    Нашата цел е во 2014 година да започнеме со изградба доколку ја имаме неопходната поддршка од Европската комисија, ЕБРД и од ЕИБ, а за да се реализира ова потребни се инвестиции и од страната на Република Бугарија. Моја цел е да испратиме едно заедничко писмо на министрите за транспорт на Бугарија и Македонија до Европската комисија дека имаме заедничка заложба за изградба на Коридорот 8, објаснува министерот за транспорт и врски, Јанакиески за неделникот „Капитал“.

  • НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер

    Кога тргнав, тоа беше старт од една позиција кога веќе беше дефинирана агендата на НАТО во Чикаго и се знаеше дека тема на НАТО во оваа фаза нема да биде проширувањето. Но, ние решивме да ги вложиме сите напори да покренеме иницијатива, за приемот на Македонија да стане тема на претстојниот самит.

  • МИА Интервју со министерот за правда Блерим Беџети

    Познато е дека ресорот што го раководам зазема клучно место во извршната власт, не само поради обемноста на надлежностите кои истиот ги опфаќа или ги има, туку и поради важноста на неговата улога во општеството, тука пред се мислам во квалитетот на креирање на политики за перманентна надградба на правосудниот систем, кој како и во секоја друга држава и во Република Македонија...

  • Попоски за ИТАР-ТАСС: Македонија има посебен интерес за градење добри и пријателски односи со Русија

    Република Македонија има посебен интерес за градење, унапредување и продлабочување на добри и пријателски односи со Руската Федерација, како релевантен фактор на меѓународната сцена, но и како докажан традиционален партнер, потенцира министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за руската новинска агенција ИТАР-ТАСС.

  • Димоски: Поголема македонско-руска соработка во земјоделството во интерес на двете страни

    Македонија со право може да очекува придвижување на соработката со Русија во областа на земјоделството, што одговара на интересите на двете страни, истакнува македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски во интервју за ИТАР-ТАС во пресрет на неговата посета на Руската Федерација кон средината на месецов.

  • Чикаго не е цел сама по себе, министерот Попоски во интервју за Глас на Америка на македонски

    Од средби во Стејт департментот и Конгресот, до посетата на Атлантскиот совет и вечерата со видни гости во Амбасадата на Република Македонија, министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој вчера учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, е во куса, но интензивна мисија на лобирање пред Самитот на НАТО во Чикаго.

  • Енергетските проекти ми се најголем приоритет, министерот Сарачини за „Капитал“

    Енергетиката останува еден од моите приоритети. Како еден од најголемите и најзначајните проекти од енергетски, државен и економски аспект, секако, e веќе споменатиот Чебрен и Галиште. Успешната реализација на овој проект ќе доведе до нето-ефект за пораст на БДП за 2%, вели министерот за економија, Ваљон Сараќини, објаснувајќи дека е нормално за реализација на толку големи проекти како Чебрен и Галиште да се чека подолг период

Pages