• Интервју на заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески

    Меѓудржавниот договор меѓу Република Македонија и Руската Федерација за изградба на гасоводниот крак од Јужен тек се очекува да се потпише наредниот месец. Финалниот текст е усвоен од страна на македонската Влада на последната седница, истакнува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервјуто за МИА. Во него посочува за странските директни инвестиции и најавеното инвестирање од шест компании. За поволната бизнис клима во земјава и ниските даноци, за економската состојба во земјава. Најавува продолжувње на рокот за аплицирање во проектот „Купи куќа, купи стан“, како и за поддршката на домашното производство преку купување македонски производи со воведувањето на „македонското сонце“ на фискалните сметки.

  • Јанкулоска: Граѓаните од дијаспората имаат право да учествуваат во изборот на власта во Македонија

    Нема ништо недозволено во однос на правото на граѓаните од дијаспората да учествуваат во изборот на власта во Република Македонија. Имаат право и да учествуваат на парламентарни избори, имаат право и да учествуваат на локални избори, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

  • Бесими: Нема дуализам во Владата

    Нема дуализам во Владата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Посетата на Грција е во својство на заменик претседател на Владата за европски прашања и е во функција на создавање клима на соработка, доверба што е од корист за двете страни, вели во интервју за МИА вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

  • Највидливиот придонес од странските инвестиции се новите вработувања, интервју на Веле Самаk, Министер без ресор задолжен за привлеkување странсkи инвестиции за Дневник

    Во контекст на глобалната економија, што се однесува до Европа, најголем потенцијал гледаме во Германија и во земјите околу неа, што растат заедно со нејзината економија, затоа што таа има потреба од нови капацитети, а помали трошоци. А со такви инвестиции не се оди надвор од европскиот континент.

  • Блерим Беџети, министер за правда во интервју за МИА

    Прашањето на измените на Изборниот законик не е завршено прашање, напротив во однос на таа тема се продолжува во континуитет. Имено Собранието на Република Македонија ги усвои измените на Изборниот законик кои се однесуваа на локалните избори...

  • Ваљон Сарачини, министер за економија во интервју за МИА

    Проценката на ЕБОР дека економијата на Република Македонија во текот на 2013 година ќе се зголеми за 1,8 отсто е многу близу до стапката на пораст на БДП од 2 отсто во 2013 година, која ја проектираа Владата на Република Македонија и ММФ...

  • Времето ќе покаже какво значење има проектот „Скопје 2014“

    Комисиите во Министерството за култура не се водат според принципот секому по малку, туку да се поддржат капитални проекти, да се направи добра селекција во која нема да биде запоставен ниту еден сегмент од македонската култура. Важно ни е да постои рамноправен однос кон сите сфери во културата. Мислам дека и годинава направивме добар избор на квалитетни и издржани проекти, вели Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во интервју за дневниот весник „Нова Македонија.

  • Македонија има многу што да промовира и покаже

    Елизабета Канческа Милевска, министер за култура, во интервју за „Вечер“

  • Ставрески: Намалувањето на невработеноста се должи на владините мерки и реформи

    Во изминатите години стапката на невработеност континуирано се намалува, што според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се должи на повеќе мерки и реформи што ги спроведува Владата, а најважно, како што истакнува во интервју за порталот Економски.мк, е што намалувањето на стапката на невработеност се случува во услови на економска криза, кога невработеноста се зголемува во сите европски земји.

  • Ивановски: Во администрацијата систем за вработување според заслуги

    Повеќе новини за работата на администрацијата, со систем за вработување според заслугите, и објективни оценки за извршените работни задачи ќе овозможи новиот закон за администрација, најавува министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во интервју за МИА.

Pages