• Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика

    Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски во интервју за МИА истакнува дека Буџетот за 2013 година е проектиран за да одговори на последиците од светската економска и европската должничка криза. МТСП, додава, има за 4 милијарди денари поголем буџет од минатата година како резултат на веќе усвоените зголемувања на социјалните трансфери, пред се на пензиите, социјалните помошти, средствата за намалување на невработеноста...

  • Пешевски: Инвестициите во Македонија растат

    Вицепремиерот Владимир Пешевски, кој деновиве со владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски во неколку градови на западниот брег на САД ги промовираше инвестиционите можности на Македонија, во интервјуто за Гласот на Америка на македонски најави дека има заинтереисрани компании, но вели дека вистинските резултати треба да се очекуваат за една до две години. На тврдењата дека Македонија заостанува зад другите балкански земји во инвестициите, Пешевски возвраќа дека споредбите треба да се прават по глава на жител.

  • „За политиката нема место во образованието“

    Панче Кралев, министер за образование и наука, во интервју за „Утрински весник“

  • Јанакиески: Овозможивме алтернативен извор за финансирање на автопатиштата

    Владата на Република Македонија е цврсто решена да ја подобри патната инфраструктура во земјава и во изминатиот период континуирано имплементираме повеќе проекти со кои се овозможи изградбата на голем број нови локални патишта, реконструкцијата на регионални патишта, но и изградба на автопат – во делот на комплетирање на патниот Коридор 10.
    Ова во интервју за економски.мк го истакнува министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

  • Извлековме поуки од кризата

    Владата веќе исплатила половина од долгот кон стопанството и по основ на данокот на додадена вредност и по основ на извршени градежни работи и услуги. Ова објави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во интервју за „Утрински весник“.

  • Интервју со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за порталот Курир

    Министерката за внатрешни работи Гордaна Јанкулоска во интервјуто за македонскиот портал Курир говори за актуелните теми поврзани со полицијата и криминалот воопшто. Во фокусот на интервјуто Јанкулоска говори за спречувањето на злоупотребата на безвизниот режим, трговијата со луѓе, измените во Законот за кривична постапка, новиот Закон за приватно обезбедување, вработувањата на 300 полициски службеници, како и замената на полициските „крајслери“ со новите автомобили.

  • Подобро пари со мало задоцнување отколку воопшто да нема, интервју на премиерот Никола Груевсkи за „Дневник“

    По неколкуте економски потези што ја изненадија јавноста премиерот Никола Груевски во економското интервју за „Дневник“ ја објаснува операцијата за анулирање на доцнењата на поврат на ДДВ и на исплата на договорните услуги кон компаниите и зошто тоа токму сега е направено.

  • Попоски: Сакаме да градиме заедничка иднина во НАТО и ЕУ

    Интервју со шефот на македонската дипломатија за односите со Грција и очекувањата од октомврискиот извештај на ЕУ.

  • Арифи - Мора да ја одвоиме државата од партијата

    Проблем е да се одговори со „да“ или со „не“ на прашањето дали државата е доволно одвоена од партијата, но мислам дека имаме направено добар исчекор во овој правец, вели вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

  • Ставрески за ИТАР ТАСС: Јужен тек и гасификацијата ќе ја обезбедат енергетската иднина на Македонија

    Македонија и Русија имаат долга традиција на пријателство, разбирање и културна блискост. И ова не е политичка флоскула. Постои заемен интерес и заложба од двете земји за интензивирање на соработката на политички, економски и културен план. Како резултат на заемното залагање има нагорен тренд во соработката во сите сфери, одговори Зоран Ставрески, потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии на прашањето на дописникот на ИТАР-ТАСС за оценката за односите меѓу Русија и Македонија.

Pages