• Изградбата на Коридорот 8 може да почне во 2014 година

    Нашата цел е во 2014 година да започнеме со изградба доколку ја имаме неопходната поддршка од Европската комисија, ЕБРД и од ЕИБ, а за да се реализира ова потребни се инвестиции и од страната на Република Бугарија. Моја цел е да испратиме едно заедничко писмо на министрите за транспорт на Бугарија и Македонија до Европската комисија дека имаме заедничка заложба за изградба на Коридорот 8, објаснува министерот за транспорт и врски, Јанакиески за неделникот „Капитал“.

  • НАТО не е спринт, туку маратон, министерот за одбрана, Фатмир Бесими за Вечер

    Кога тргнав, тоа беше старт од една позиција кога веќе беше дефинирана агендата на НАТО во Чикаго и се знаеше дека тема на НАТО во оваа фаза нема да биде проширувањето. Но, ние решивме да ги вложиме сите напори да покренеме иницијатива, за приемот на Македонија да стане тема на претстојниот самит.

  • МИА Интервју со министерот за правда Блерим Беџети

    Познато е дека ресорот што го раководам зазема клучно место во извршната власт, не само поради обемноста на надлежностите кои истиот ги опфаќа или ги има, туку и поради важноста на неговата улога во општеството, тука пред се мислам во квалитетот на креирање на политики за перманентна надградба на правосудниот систем, кој како и во секоја друга држава и во Република Македонија...

  • Попоски за ИТАР-ТАСС: Македонија има посебен интерес за градење добри и пријателски односи со Русија

    Република Македонија има посебен интерес за градење, унапредување и продлабочување на добри и пријателски односи со Руската Федерација, како релевантен фактор на меѓународната сцена, но и како докажан традиционален партнер, потенцира министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за руската новинска агенција ИТАР-ТАСС.

  • Димоски: Поголема македонско-руска соработка во земјоделството во интерес на двете страни

    Македонија со право може да очекува придвижување на соработката со Русија во областа на земјоделството, што одговара на интересите на двете страни, истакнува македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски во интервју за ИТАР-ТАС во пресрет на неговата посета на Руската Федерација кон средината на месецов.

  • Чикаго не е цел сама по себе, министерот Попоски во интервју за Глас на Америка на македонски

    Од средби во Стејт департментот и Конгресот, до посетата на Атлантскиот совет и вечерата со видни гости во Амбасадата на Република Македонија, министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој вчера учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, е во куса, но интензивна мисија на лобирање пред Самитот на НАТО во Чикаго.

  • Енергетските проекти ми се најголем приоритет, министерот Сарачини за „Капитал“

    Енергетиката останува еден од моите приоритети. Како еден од најголемите и најзначајните проекти од енергетски, државен и економски аспект, секако, e веќе споменатиот Чебрен и Галиште. Успешната реализација на овој проект ќе доведе до нето-ефект за пораст на БДП за 2%, вели министерот за економија, Ваљон Сараќини, објаснувајќи дека е нормално за реализација на толку големи проекти како Чебрен и Галиште да се чека подолг период

  • Младоста е предност кога си министер, Панче Кралев во интервју за „Утрински весник“

    На функцијата сум веќе шест месеци и морам да признам дека секој ден учам нешто ново, вели министерот за образование Панче Кралев

  • Интервју со министерот за надворешни работи Никола Попоски за МИА

    Неблагодарно е да се прејудицира, но првичните пораки од Атина говорат дека Грција е незаинтересирана за целисходен дијалог со Македонија, вели во интервју за МИА шефот на македонската дипломатија Никола Попоски запрашан за очекувањата од новата иницијатива на медијаторот Метју Нимиц за средба со страните во спорот на 16 и 17 овој месец.

  • Интервју на премиерот Никола Груевски за „Дневник“

    Ќе не примат ли во НАТО оваа година?

    Тоа би било правично и заслужено, но се надевам и посакувам да не биде како што велеа старите, каде што има сила, правдина нема. Наше е да работиме со целосна посветеност.

Pages