• Флуктуирачкиот курс е интерес само на неколку извозни компании

    Во изминатиот период имавте повеќе средби со македонските бизнисмени на кои тие побараа и конкретни мерки за по динамичен развој на економијата? Што од тие барања можат реално да се реализираат?
    Со македонските бизнисмени имаме изградено континуирана комуникација. Сметаме дека комуникацијата меѓу Владата и бизнис-сектор е од големо значење за развојот на македонската економија и затоа во наредниот период планираме да го интензивираме оваа партнерство. Низа мерки и проекти потекнуваат токму од дијалогот меѓу овие сектори.

  • Груевски: Грција воопшто не се труди да се најде решение, целиот притисок се префрла врз Македонија

    Грција веќе повеќе месеци избегнува средби, а тие што ги има се несуштински. Економската криза дури и создаде многу подобра позиција кај меѓународната заедница. Тие сфатија дека се темпирана бомба во рацете на ЕУ, која ако многу се притисне ќе експлодира. И затоа никој не смее да ги допре или да ги притисне по прашањето за името. Во таква комотна ситуација, Атина нема интерес да се реши прашањето со разумен компромис. Ќе продолжи да им продава приказна дека многу се трудат, дека сме блиску до решение, а тие ќе го зголемуваат притисокот врз нас, што уште повеќе ќе не одалечи од целта.

  • Груевски: Притисоците со пренагласување на слабостите ќе имаат обратен ефект, остануваме на истите приоритети за членство во НАТО и ЕУ

    Новата тактита на одредени поединци или на дел од меѓународната заедница да се врши притисок врз Македонија за прашањето за името со тврдења дека не правиме доволно за реформите и со пренагласувања на слабостите е погрешна и нема да постигне резултат, туку ќе даде обратен ефект. Ова прашање не се решава со сила, со ставање на целиот притисок само врз едната страна. Сепак, остануваме на истите приоритети за членство во НАТО и ЕУ и на реформскиот пат, и тоа во моментот е наш стратешки интерес. Дури реформите и да не го дадат очекуваниот резултат во однос на нашето придвижување во НАТО и ЕУ, тие се добри за земјата, за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

  • Интервју на вицепремиерката Теута Арифи за Радио Слободна Европа

    Треба да поработиме на реформите во целина. Добро се работи, има добра активност, но треба уште повеќе во однос на реформите и ефикасноста на јавната администрација. Не треба да го занемариме фактот дека судството и целиот тој процес е под голема лупа на Европската Унија и тука исто така треба да се поработи, изјави вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи во интервју за Радио Слободна Европа. - Не можам да кажам дека има застој во реформите во судството, но мислам дека треба да го промениме кон подобро имиџот и оти тоа може да се направи. Имав состаноци со високи судски инстанци и гледам волја и подготвеност. Таа подготвеност треба да се покаже и мислам дека ќе биде ценета и од Брисел, истакна Арифи.

Pages