Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија е основана на 2-ри Февруари, 2002 година, со цел да му помага на Претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности, а кои произлегуваат од Уставот, Законот и Деловникот за работа на Владата.

Канцеларијата ги остварува следните надлежности:

  • Канцеларијата ја координира соработката на Претседателот на Владата со државните органи, јавни претпријатија, установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица;
  • Канцеларијата го следи процесот на организација, подготовка и спроведување на програмата на Владата;
  • Канцеларијата се грижи за остварување на заклучоците на Владата од страна на надлежните министерства и органите на државната управа;
  • Канцеларијата се грижи за односите помеѓу Владата, Собранието, судската власт и Претседателот на државата;
  • Канцеларијата го следи остварувањето на насоките дадени од Претседателот на Владата до членовите на Владата;
  • Канцеларијата му помага на претседателот на Владата во соработката со претседатели и претставници на Влади на други држави и со претставници на меѓународни органи и организации и нивни органи;

Претседателот на Владата по сопствен избор и слободна процена може да ангажира надворешни соработници, како на пример: професори, научници, истакнати стопанственици и стручни лица. Претседателот може да ангажира и државни службеници од Генералниот секретаријат на Владата, министерствата и други самостојни органи.

Со Канцеларијата раководи Шеф на Канцеларијата, кој го именува и разрешува Претседателот на Владата на Република Македонија.

 

Правилник за внатрешна организација:

 

Органограм на внатрешна организација:

 

Правилник за систематизација на работните места:

 

Список на лица вработени во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија:

 

Закони и подзаконски акти:

 

Одлуки за формирање на Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија:

 

Правилник за заштитено внатрешно пријавување:

Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија:
  

Слободан Стојановски  - помошник раководител на сектор за нормативно-правни работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата за затворени седници на Владата

  • Е-маил адреса: [email protected]
  • Контакт телефон: 075 248 365
  • Локал 203-ГС канцеларија 406, кула 6

Упатство за прием на пријави од укажувачи

 

Oвластени лица - офицери за заштита на личните податоци:
 

1. Филип Чавдаревски - раководител на одделение за нормативно-правни работи, во Секторот за правни работи

  • Е-маил адреса: [email protected]
  • Контакт телефон: 071 382-981
  • Локал 205-ГС канцеларија 413, кула 6

 
2. Горан Маркоски - раководител на Сектор за информатичка технологија

  • Е-маил адреса: [email protected]
  • Контакт телефон: 075 364 485
  • Локал 197-ГС канцеларија 513, кула 7